Развод (или распаѓање на бракот), конечниот престанок на брачниот сојуз, поништување на законските обврски и одговорности на бракот и укинување на брачниот договор помеѓу брачните другари (различно од поништување, со што се прогласува бракот за ништовен и неважечки). Законите за развод значително се разликуваат во целиот свет, но во повеќето држави потребно е одобрение од судот или од друг орган во судски процес. Правниот процес на развод може да вклучи и проблеми со алиментација (брачна поддршка), старателство над деца, издршка на дете, поделба на имот и распределба на долг. Во повеќе земји моногамијата е определена со закон, па така разводот дозволува секој од брачните партнери да се ожени со друг; каде што полигинијата е легална а полиандријата не, разводот дозволува жената да стапи во брак со нов маж.

Како и секоја поголема промена во животот, разводот може да биде стресно искуство. Тоа влијае на финансиите, заедничката спогодба, апаратите за домаќинство, распоредот итн. Ако семејството вклучува и деца, тогаш тие би можеле да бидат длабоко погодени.NIH

Уште од 1970-те години, голем број на земји законски го признаваат разводот, вклучувајќи ја Италија (1970 година), Португалија (1975 година), Шпанија (1981 година), Ирска (1996 година) и Малта (2011 година). Денеска, единствените земји кои не го признаваат разводот се Филипините (иако муслиманите имааат право да се разведат) и Ватикан, црковна држава, која нема постапка за развод.

,,Разведување нечии родители” е термин, кој некогаш се користи кога се зборува за еманципација на малолетници.

Западно право

Разводот како општествена појава е важна тема за истражување во социологијата. Во повеќе развиени земји, стапката на развод значително се зголемува во текот на дваесеттиот век. САД, Австралија, Германија, Нов Зеланд, Скандинавија и Велика Британија, се наоѓаат меѓу нациите во кои разводот станува секојдневие. Иако законите за развод се разликуваат меѓу судските надлежности, постојат два основни пристапи на разводот: развод кој се заснова на вина и развод кој не се заснова на вина. Меѓутоа, иако во некои правни системи не се бара едната страна да ја потврди вината на партнерот, судот сè уште може да го земе предвид однесувањето на двете страни, кога се дели имотот, долговите, старателството , плановите за грижа и поддршка. Во некои земји и региони, едниот сопружник може да биде принуден да плаќа такса за адвокатот на другиот сопружник.

Законите се разликуваат во однос на периодот за чекање пред разводот да биде делотворен. Исто така, условите за престој се разликуваат. Сепак, прашањата за поделба на имотот обично се утврдуваат со законот на судската надлежност под која се наоѓа имотот.

Видови на развод И покрај ова, во некои земји (или пак држави во САД), судовите поретко ги применуваат принципите на вина, но може доброволно да ја држат едната страна одговорна за прекршување на повереничките должности на брачниот другар (пр. дел 720 од Законикот за семејство и дел 1100 од Законикот за семејство на Калифорнија).

Во повеќето судски надлежности, разводот мора да го потврди ( или наложи судија) судот за да стапи на сила. Условите на развод, обично ги одредуваат судовите, иако во нив може да се вклучат и предбрачните, како и договорите после бракот, или едноставно да ги одобрува условите за коишто брачните другари се во согласност (оваа не е случај во САД, каде што договорите, поврзани со бракот мора да бидат предадени во писмена форма за да можат да се спроведат). Доколку не постои договор, оспорениот развод би можел да биде стресен за брачните другари. Во случај на оспорен развод, се бара еден од неколкуте проблеми, да го ислуша судијата на судењето- ова е многу поскапо, а и двете страни ќе треба да платат за изгубеното време на адвокатот и за неговата подготовка. Неодамна се појавил помалку непријателскиот пристап до спогодбите за развод, како што е посредничката и заедничка спогодба, кои преговараат за заедничко и прифатливо решение за конфликтите. Овој принцип во САД се нарекува ‘Алтернативно решение за спорот’ и продолжува да се здобива со популарност.

Во некои други земји, кога сопружниците се согласуваат на развод и на нивните услови, истиот може да се утврди од страна на неутрален административен субјект. Резултатот од разводот е тоа што, двете страни се слободни повторно да стапат во брак.

Развод кој се заснова на вина Пред крајот на 1960 година, речиси сите земји во кои е дозволен разводот барале доказ од едниот брачен другар, дека другиот извршил акт кој не е во согласност со бракот. Ова се нарекува ,,основа’’ за развод (популарно наречено ,,вина’’) и претставувал единствениот начин да се прекине бракот. Повеќето судски надлежности низ светот сè уште го бараат овој доказ за вина. Во САД, разводот кој не се заснова на вина во сите 50 земји, што е случај и во Австралија, Нов Зеланд, Канада и други западни земји.

Разводите кои се засноваат на вина можат да се оспорат; проценката на прекршочните дела вклучува обвинувања за заговор од страна на брачните другари (соработуваат заедно за да го добијат разводот) или простување (одобрување на делото), премолчување (наведување некого во извршување на делото) или провокација од другиот брачен другар. Оспорените разводи кои се засноваат на вина може да се скапи и обично не се практични како повеќето одобрени разводи. Споредбената праведност е доктрина која се користи за да определи кој брачен другар носи повеќе вина, во случај кога двајцата брачни другари се виновни за прекршување.

Основите за развод кои би можел еден од брачните другари да ги истакне и треба да ги докаже вклучуваат ,,напуштање”, ,,одрекување”, ,,суровост” или ,,прељуба.”

Барањето за потврда на основата за развод се изменува (и повлекува) со одредбите на статутот за разводот кој не се заснова на вина, којшто станува популарен во Велика Британија, Австралија, САД, Канада, Јужна Африка и Нов Зеланд во периодот од крајот на 1960- тите години па сè до почетокот 1970- тите години. Според судските надлежности за разводи кои не се засновани на вина, едноставното, општо тврдење за ,,ненадминливите разлики” или ,,неповратното распаѓање” во однос на бракот, доволно е за да се стави крај на бракот.

Развод кој не се заснова на вина Некои западни судски надлежности немаат систем за развод кој не се заснова на вина, којшто не бара обвинување или доказ за вина од ниту еден брачен другар. Најоскудните тврдења се доволни. На пример, во земјите кои бараат ,,неповратно распаѓање”, самото тврдење дека бракот се распаднал го задоволува судскиот службеник. Во други , пак, судски надлежности кои бараат непремостливи разлики, самото тврдење дека бракот е непоправлив поради овие разлики, е доволно за да се одобри разводот. Судовите нема да бараат факти. ,,Да” е доволно, дури и ако другиот брачен другар жестоко се спротивставува.

Барањето може да го направи едниот или двата брачни другари заедно.

Во оние судски надлежности коишто го усвојуваат принципот на разводот кој не се заснова на вина во постапките за развод, некои од судовите сè уште ги земаат предвид, однесувањето на брачните другари при поделбата на името, долговите, старателството и дополнителните факти кои речиси секогаш имаат значителна вредност при погрешните постапки. При случаите за доделување на старателство, судовите може да ги земаат предвид факторите, кои се појавуваат како проблеми врз основа на вина, но навистина се поврзани со заштитата на детето или децата. Тие може да ги вклучат, но не и да се ограничат на злоупотребата од страна на едниот или двата родители, историјата на насилството, суровост, нестабилност, занемарување или загрозеност.

Развод со забрзана постапка Разводот со забрзана постапка (или едноставен) развод, достапен во некои судски надлежности, се користи кога сопружниците исполнуваат одредени барања или кога може да се договарат за клучните прашања однапред.

Клучни фактори: • Краток брак (помалку од 5 години) • Брак без деца (или во некои држави, кога брачните другари го решиле старателството и ја одредиле алиментацијата за децата од бракот) • Минимален или никаков имот (без хипотека) • Брачниот имот е под прагот (околу 35.000 долари, не вклучувајќи возила) • Личниот имот на сопружниците е под прагот (обично исто како брачниот имот)

Неоспорни разводи Се проценува дека повеќе од 95 % од разводите во САД се ,,неоспорни”, затоа што и двата брачни другари се во можност да се договорат ( независно со или без адвокати/ посредници/ заеднички советници) за имотот, децата и прашањата за издржувањето. Кога брачните другари можат да се договорат и да се појават на судот со фер и правичен договор, одобрувањето за разводот е речиси загарантиран. Доколку двете страни не можат да постигнат договор, бараат од судот да одлучи како да го подели имотот и кому да го додели старателството на нивните деца. Иако ова може да биде потребно, судовите претпочитат брачните другари да постигнат договор пред да се појават пред судот.

Каде што проблемите не се сложени и брачните другари соработуваат, спогодбата често може да биде директно постигната меѓу нив. Во поголемиот дел од случаите, формите се стекнуваат од нивните соодветни државни мрежни места и се плаќа такса на државата. Повеќето држави во САД наплаќаат помеѓу 175долари и 350 долари за обично заведување на разводот.

Заеднички постигнатиот развод и разводот со посредство на преговарачи, се сметаат за неоспорни.

Во САД, многу државни судски системи се соочуваат со зголемување на бројот на ,,про сè’ (англ. pro se) (односно, тужителите се претставуваат себеси без адвокат) во случаите на развод. На пример, во Сан Диего, бројот на барањата за развод кои влучуваат барем еден тужител кој самиот се претставува, се зголемува од 46% во 1992 година на 77% во 2000 година, а во Флорида од 66% во 1999 година на 73% во 2001 година. Урбаните судови во Калифорнија даваат извештај дека околу 80% од новите барања за развод ги поднесуваат самите тужители.

Развод на заедничко барање Разводот на заедничко барање е метод при кој паровите кои се разведуваат постигнуваат договор за проблемите при разводот. При овој развод, брачните другари доаѓаат до заедно решение со помошта на адвокати кои се обучени за процесот на разводот на заедничко барање и за посредување, па често со помошта на неутрален финансиски специјалист и/ или инструктори за развој. Брачните другари се овластени да ги направат своите одлуки основани врз сопствените потреби и интереси, но со целосна информација и целосна професионална поддршка. Откако разводот на заедничко барање започнува, адвокатите се исклучуваат од претставување на брачните другари во оспорената законска постапка, заедничкиот законски процес би требало да заврши предвреме.

Повеќето адвокати кои го применуваат разводот на заедничко барање, тврдат дека истиот може да биде поделотворен од другите методи на развод, како на пример, појавувањето на суд. Тие велат дека трошокот треба да се погледне од финансиска и емоционална гледна точка. Исто така, искуството од заедничкото работење ја подобрува комуникацијата помеѓу брачните другари, особено кога се вмешуваат заедничките инструктори, па така можноста за повторно појавување на суд по разделбата или разводот се намалува. Во текот на соработката, брачните другари не треба да постигнуваат никакви договори, никакви документи или информации кои се разменуваат во процесот на соработка не смеат да се употребат во судот, освен со договор меѓу брачните другари.