Филаделфија Севентисиксерс () е професионален кошаркарски клуб од градот Филаделфија во сојузната американска држава Пенсилванија. Се натпреваруваат во Атлантската дивизија (Источна Конференција) од НБА лигата. Претходница на сегашната франшиза била екипата Сиракуза Нешелс, основани во 1946 година (една од најстарите НБА организации). По преминот во Филаделфија тимот добил ново име, во чест на 1776, годината кога е донесена Декларацијата за независност на САД.

Оваа екипа има долга кошаркарска традиција, бидејќи во нивните редови настапувале играчи од калибарот на Вил Чембрлен, Мозес Мелоун, Џулиус Ирвинг, Чарлс Баркли и Ален Ајверсон. Имаат освоено три шампионски прстени, првиот додека тимот бил сместен во Сиракуза (1955). Вториот пат бил во сезоната 67′ под водство на Чембрлен, а третиот во 83′ кога во екипата играле Мелоун и Ирвинг. Последниот позначаен успех на тимот бил големото финале од 2001, кога „седумдесет и шестките“ на Ајверсон загубиле од ЛА Лејкерс со 4-1 во серијата најдобар од седум.

Екипата во периодот 1967-1996 година своите натпревари на домашен терен ги играла во легендарната Спектрум Арена, а од 96′ па наваму нејзин дом е спортскиот центар Велс Фарго.

Состав Име Години Држава Височина ПозицијаЧарлс Беси 21 2.11м Центар/Крилен ЦентарЧарли Браун 25 1.98м бекЖоел Ембид 27 2.13м Центар/Крилен ЦентарДени Грин 34 1.98м бек/крилоЏејмс Харден 32 1.96м бекТобајас Херис 29 2.01м крило/Крилен ЦентарАјзеа Џо 22 1.93м бекФуркан Коркмаз 24 2.01м бек/крилоТајрис Мекси 21 1.88м плејмејкерШејк Милтон 25 1.96м бек/крилоПол Милсап 37 2.01м Крилен ЦентарЏорџ Нијенг 28 2.01м Крилен ЦентарМајлс Павел 24 1.88м плејмејкер/бекПол Рид 22 2.06м Крилен ЦентарЏејден Спрингер 19 1.91м бекМатис Тајбул241.96мбек/крило

Наводи

Надворешни врски

Филаделфија Севентисиксерс (официјална страница) Сиксерси на Мајспејс

Категорија:Клубови во НБА Категорија:Филаделфија Севентисиксерс