Пеколен портокал — дистописки роман, напишан од Ентони Берџес и издаден во 1962 година. Се работи за истражување на човековото насилство и слободната волја во изборот на добро и зло, а воедно и последиците на поединецот при нејзино одземање. Приказната е сместена во не толку далечна иднина, каде општеството промовира култура на екстремно насилство помеѓу младите. Нарацијата на тинејџерскиот анти-херој во прво лице не соочува со неговите насилни експлоатирања и неговото искуство со државната власт која има за цел да го реформира. Романот може да се согледа како сатира на бунтовничките и насилните трендови во културата на младите која доминира во 60-тите години. Исто така книгата воведува експериментирање со јазикот, напишан на руска арго лексика наречена „надсат“.
Според Берџес романот претставува една jeu d’esprit, напишан за само три недели.
Во 2005 година “Пеколен Портокал” се најде на списокот на списанието Тајм како еден од 100-те најдобри романи на англиски јазик напишани од 1923 и е именувана од Модерн Лајбрари како една од 100-те најдобри романи на англиски јазик на дваесеттиот век. Откако Универзитетот Мек Мастер во 1971 ја купи оригиналната верзија на книгата, таа се наоѓа во Хамилтон, Онтарио, Канада.
Кратка содржинa
Прв дел: Светот на Алекс Алекс, тинејџер кој живее во Англија во не толку далечната иднина ја поведува својата банда во ноктурни оргии на опортунистичко, безначајно “ултранасилство”. Пријателите на Алекс (во романот наречени „друзја“ на англо-рускиот сленг,“надцат” од рускиот збор друг кој значи „пријател“) се: Дим, малоумен силеџија кој е тепачот на групата, Џорџи амбициозен второстепен водач на бандата и Пит, кој претежно ги придружува неговите друзја во нивната потрага по ултранасилство. Покрај тоа што е социопат и опасен малолетен деликвент, Алекс е исто така интелигентен и остроумен, софистициран љубител на музика, специфично наклонет кон Бетовен, или "Прекрасниот Лудвиг Ван".
Романот започнува во омиленото место за собирање на друзјата (млечниот бар Корова), каде пијат коктели од млеко и дрога наречени "милк-плус", за да се возбудат за вечерното зосдело. Тие напаѓаат еден учител кој се враќа дома од јавната библиотека, претепуваат запуштен просјак и потоа се борат со соперничката банда. Возајќи се по селскиот крај во украдена кола, тие провалуваат во една изолирана вила, го малтертираат младиот пар кој живее таму, го претепуваат мажот и ја силуваат жената. Во метафантастичен стил, мажот е писател кој работи на ракопис наречен "Портокал на Навивање" и Алекс презирно чита параграф кој укажува на главната тема на романот и го кине ракописот. Кога ќе вратат во млечниот бар, Алекс го казнува Дим за незрелото однесување и напрегнатоста во групата излегува на видлина. Кога ќе се врати дома, во својот здодевен стан Алекс слуша класична музикана цел глас, фантазирајќи за повеќе насилтво во оргија.
Следниот ден Алекс ескивира од школо. По неочекуваната посета од неговиот пост-поправен советник Алекс, наидува на две десетгодишни девојки и ги доведува во станот на своите родители каде што ги послужува со виски и сода, си вбризгува опојна дрога и ги силува. Истата вечер Алекс ги начекува своите друзја во бунтовничко расположение. Џорџи го предизвикува Алекс за водство на бандата, барајќи од него да извршат "работа каква што им доликува на возрасни". Алекс го прекинува бунтувањето, со тоа што му ја посекува раката на Дим и се бори со Џорџи, а потоа како знак на великодушност ги доведува во бар, каде инсистира да ја спроведат идејата на Џорџи и да ја ограбат куќата на една богата жена. Провалувањето започнува како шега, но завршува трагично, кога Алекс ја напаѓа и убива постарата жена. Дим му го блокира излезот, а потоа го напаѓа и онеспособува за бегство. Во следниот момент пристигнува полицијата.
Втор дел: Лудовиковата техника Откако е осуден на затвор, Алекс наоѓа работа во капелата на Крилјата (Wing), каде пушта религиозна музика на стерео систем, пред и по завршувањето на мисата, како и во текот на пеењето на псалмите. Откако цимерите од ќелијата го обвинуваат Алекс за претепување на проблематичен затвореник до смрт, тој се согласува да пристапи на лекување за експриментална модификација на однесување наречено "Лудовиковата техника". Техниката е еден вид на терапија на аверзија, во која Алекс прима инекција од која добива нагон за гадење, а истовремено е изложен на насилни филмови. Тоа со текот на времето го условува да чувствува парализирачки напади на мачнина при самата помисла на насилство. Како случајна последица, музиката на еден од филмовите – Деветтата симфонија на Бетовен- го прави неспособен да ја слуша својата омилена класична музика. Делотворноста на техниката е демонстрирана пред група на битни личности, кои сведочат на тоа како Алекс колабира пред огромен силеџија и се потчинува пред речиси гола млада жена чие присуство го побудува неговиот сексуално грабливски инстинкт. Макар што затворскиот капелан ја обвинува државата за лишување на Алекс од неговата слободна волја, владините претставници кои присуствуваат се задоволни со резулатите и Алекс е пуштен на слобода во општеството.
Трет дел: По затворот Бидејќи неговите родители сега ја изнајмуваат собата на кираџија, Алекс лута по улиците и влегува во јавна библиотека каде се обидува да најде безболен начин за да изврши самоубство. Таму, тој случајно ќе наиде на стариот учител кој претходно го нападна, кој пак желен за одмазда, го тепа Алекс со помош на пријателите. Полицаецот кој доаѓа да го спаси Алекс, е всушност Дим, заедно со поранешниот соперник на бандата- Билибој. Двајцата полицајци го носат Алекс надвор од градот и го претепуваат. Зашеметен и крвав, Алекс се онесвестува пред вратата на една вила и предоцна сфаќа дека тоа е куќата во која упадна со своите друзја во првиот дел од приказната. Поради тоа што бандата носеше маски за време на нападот, писателот не го препознава Алекс. Писателот чие име е откриено под Ф. Александар, го засолнува Алекс и го прашува за промената во однесувањето. Во текот на разговорот се открива дека госпоѓата Александар умира од повреда, нанесена од бандата која ја силува, а нејзиниот маж и покрај ужасните спомени, решава да продолжи да живее "каде што нејзината кревка меморија замира". Александар кој е критички настроен кон владата, настојува да го искористи Алекс како симбол на државна бруталност и на тој начин да го спречи избирањето на истата влада во иднина. Со текот на времето, тој почнува да ја воочува улогата на Алекс во случувањата, од ноќта пред две години. Еден од помошниците на Александар успева да извлече признание од Алекс и го исфрла од домот на Александар, а потоа го закучува во куќа близу неговиот стар дом. Непрекинатото пуштање на класична музика, го наведува Алекс да изврши самоубиство со скок од високиот прозорец.
Алекс се буди во болница, каде што е добредојден од владини претставници, кои се подготвени да го затскријат лошиот публицитет за неговиот обид за самоубиството. Александар е сместен во ментална институција, а Алекс добива понуда за добро платена работа, под услов да се согласи да соработува со владата. Додека фотографите ги сликаат, Алекс фантазира за насилство во оргија и сфаќа дека Лудовиковата промена беше проработила но во обратен правец "Излекуван бев и тоа како."
Во последното поглавје Алекс има ново трио на друзја, но почнува да станува свесен дека го надраснува својот вкус за насилство. Случајната средба со Пит, кој е сега оженет и смирен, го инспирира Алекс да тргне во потрага по свои жена и деца. Тој ја разгледува можноста дека во иднина неговиот син ќе биде деликвент како него. Тоа е веројатност која Алекс ја согледува како фатална.
Испуштање на последното поглавје Книгата се состои од три дела, а секое од нив брои седум поглавја. Берџес тврди дека збирот од 21 поглавје е неслучаен симбол за возраста на 21 година, како врв во човековата зрелост. 21-вото поглавје е испуштено во изданијата во САД до 1986. Во воведот на новиот американски текст (тие понови изданија го вклучуваат и испуштеното поглавје), Берџес појаснува дека кога првпат ја доставил книгата на американски издавач, тој му кажал дека последното поглавје не е по вкус на американската публика, каде Алекс ја согледува грешката во своите дела, сфаќа дека ја изгубил енергијата и возбудата за насилство и решава да го промени својот начин на живот (бавно созревање, но класичен покајување - момент во кој протагонистот е свесен дека сето она што мислел дека го знае било грешно).
По препорака на американскиот издавач, Берџес им дозволува на издавачите да го отфрлат последното поглавје од американската верзија, со тоа што приказната завршува во еден мрачен тон, а Алекс се покорува на својата насилна, расипана природа- крај кој издавачот сметал дека ќе биде 'пореалистичен' и подопадлив за американската публика. Филмската адаптација режирана од Стенли Кјубрик се темели на американското издание на книгата (кое Берџес го оценува како лош пропуст). Кјубрик го именуваше 21-вото поглавје како "вишок поглавје" и изјави дека не ја прочитал оригиналната верзија додека виртуелно не го завршил сценариото и дека никогаш сериозно не помислил да го искористи. Според мислењето на Кјубрик последното поглавје е неавтентично и не е во духот на книгата.
Ликови Алекс е анти-херојот во романот и водачот на своите друзја. Тој често се нарекува "Вашиот Скромен Раскажувач". (Кога заведува две девојки во музичката продавница, Алекс се именува себеси како "Александар Големиот", додека ги силува; Ова претставуваше стожер за познатото презиме на Алекс во филмот од 1971 Де Ларж(големиот)). Џорџ или Џорџи е љубоморен на Алекс и е втор по водство во бандата. Џорџи се обидува да го наруши статусот на Алекс како водач на бандата. Подоцна го убиваат за време на грабеж, додека Алекс е во затвор. Пит е најрационалниот и најмалку насилниот член на бандата. Тој е единствениот кој не зазема страна кога друзјата се расправаат. Подоцна се запознава и се жени со една девојка и се откажува од старите навики. Тој дури го губи својот надцат говор. Случајната средба со Алекс во последното поглавје има влијание врз неговата тенденцијата да стане подобар член на општеството и да се реформира. Дим е длабоко неинтелигентен и идиотски член на бандата, постојано омаловажуван од Алекс, но во извесна мера почитуван од страна на друзјата поради неговите легендарни способности за тепање. Неговиот омилен избор на оружје е ланец од велосипед. Подоцна тој станува полицаец и ја насочува својата одмазда кон Алекс поради навреда која му ја нанесува. П.Р.Делтоид е социјален работник за рехабилитација на злосторници, кој е должен да го изведе Алекс на прав пат. Тој очигледно не знае како да се справи со младите луѓе и нема никаква емпатија и разбирање за неговата проблематичност. Всушност кога полицајците го апсат и тепаат Алекс поради убиството на старата жена, Делтоид едноставно го плука. Затворскиот капелан е лик кој прв пројавува сомнеж околу прашањето дали е морално да се трансформира насилна личност во бихејвиористички автоматизам кој нема право на избор во поглед на тоа. Тоа е единствениот лик кој навистина е загрижен за доброто на Алекс; сепак Алекс не го сфака сериозно. (Тој му го задава прекарот затворскиот Чарли или Чаплин (caplin-caplain), алузија на Чарли Чаплин). Билибој е соперникот на Алекс. На почетокот на приказната, Алекс и неговите друзја се тепаат со Билибој и неговите друзја, но нагло прекинуваат кога полицијата пристигнува. Подоцна, откако Алекс е ослободен од затвор, Билибој (заедно со Дим, кој исто така станува полицаец) го спасува Алекс од толпата, и потоа го претепува надвор од градот. Затворскиот управник е човекот кој му дозволува на Алекс да "избере" да биде првиот реформиран од Лудовиковата техника. Министерот за внатрешни или погрешни работи како што го нарекува Алекс е висок претставник на владата кој е убеден дека Лудовиковата техника ќе го прекине рецидивизмот.