Мориц Лајтнер (роден на 8 декември 1992) — германски фудбалер, играч од средниот ред на Норич Сити.
Семејството и детството Татко на Лајтнер, Ервин Фелдбергер (роден 1943) доаѓа од Баден-Виртемберг град во близина на Бурладинген. Неговата мајка, која е родена со презимето Лајтнер е по потекло од Австрија. Ервин Фелдбергер исто така бил фудбалер во Минхен 1860. Мориц е роден во 1992 година како едно од двете деца во Минхен и израснал во предградието Антерфоринг.
Кариера Лајтнер го направил своето професионално деби за Минхен 1860 на 14 август 2010, кога влегол во игра како замена за Александар Игњовски во натпревар од купот против Ферл. Во јануари 2011, Лајтнер е купен од страна на Борусија Дортмунд, но милионерите го праќаат на заем во Аугсбург, до крајот на сезоната 2010-11. Откако му помогнал на Аугсбург да обезбеди промоција во Бундеслигата, Лајтнер се вратил во Борусија во текот на летото 2011. Откако одлично се покажал на подготвителните натпревари, Лајтнер го добил дресот со број 7 и бил сместен во списокот со играчи на Борусија Дортмунд за претстојната сезона 2011-12 во Бундеслигата. Своето деби тој го имал на 24 септември 2011, кога се појавил во игра на местото на Шинџи Кагава во 70-тата минута, во победата против Мајнц на гости со 1-2.Мајнц 1-2 Борусија Дортмунд
На 1 јули 2013, Лајтнер му се приклучил на Штутгарт на позајмица до јуни 2015.
Титули Борусија Дортмунд Бундеслига : 2011-2012 Куп на Германија : 2011-2012 Лига на шампиони : 2012-13-вицешампион
Надворешни врски Профил на Мориц Лајтнер на soccerway
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Германски фудбалери Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Фудбалери на ФК Минхен 1860 Категорија:Фудбалери на ФК Борусија Дортмунд Категорија:Фудбалери на ФК Аугсбург Категорија:Фудбалери на ФК Штутгарт Категорија:Фудбалери на ФК Лацио Категорија:Фудбалери на ФК Норич Сити Категорија:Родени во 1992 година