Габороне е главен град на Боцвана. Има околу 186.000 жители и се наоѓа на 24°40′ ЈГШ и 25°55′ ИГД.
Пред Габороне, главен град на Боцвана бил Мафекинг. Тој бил главен град сè до прогласувањето на независност во 1965 година.
Габороне го добил своето име по главатарот Кгоси Габороне, чиешто село Тлоквенг се наоѓа во близина на Габороне.
Новиот град Габороне доживеа брз развој благодарејќи на релативно добрата снабденост со вода. Во негова близина се наоѓаат рудници за магнезиум и азбест. Во градот се наоѓа и универзитетот на Боцвана, во кој меѓудругото е сместена и најголемата библиотека во Јужна Африка.
Наводи
Поврзано Боцвана
Надворешни врски
Официјално мрежно место
Сателитски поглед на Габороне Габороне на Encyclopædia Britannica Карта на Габороне
* Категорија:Главни градови во Африка Категорија:Населени места основани во 1964 година