Сан Антонио Спарс () е професионален кошаркарски тим со седиште во градот Сан Антонио, Тексас. Тие се членови на Југозападната дивизија од Западната Конференција во НБА. Клубот бил основан во Далас, но во 1973 година се преселил во Сан Антонио, а од 1976 настапува во НБА лигата.
Оваа организација има освоено пет шампионски пехари, со што е четвртата најуспешна франшиза на сите времиња во американската професионална кошарка. Во нивното повеќедецениско учество во елитната кошаркарска лига, само четири пати се немаат пласирано во плеј-оф завршницата. Тие ја држат најдолгата низа на последователни плејоф учества (16), како и најдолгата низа на сезони со преку 50 победи во регуларниот дел (14).
Тимот од клупата го предводи Грег Попович. Спарс имаат долга играчка традиција, но можеби најпознато дуо во нивната историја е центарскиот двоец Дејвид Робинсон и Тим Данкан, познат и како „кулите Близначки“. По пензионирањето на Робинсон, на сцена стапила „големата тројка“ сочинета од Данкан, Тони Паркер и Ману Џинобили. Овие тројца играчи биле носечкиот столб на екипата во изминатата деценија, во која четири пати играле во големото финале.
Низ текот на годините, Спарс израснале во силни конкуренти на Лос Анџелес Лејкерс и Далас Маверикс за доминација на Западот. Во новиот милениум, само овие три екипи ја претставувале Западната Конференција во Битката за шампионскиот прстен.
Состав Име Години Држава Височина ПозицијаБејтс-Диоп Кеита 26 2.03м крилоДевонте Ккок 25 2.01 м крилоЗек Колинс 24 2.08 м Крилен центар/ЦентарГоран Драгиќ 35 1,91 плејмејкерКелдон Џонсон 22 2.03 м бек/крилоТре Џонс 22 1.91м бекЏок Лендејл 26 2.11м ЦентарРомео Лангфорд 22 1.93м бек/крилоДаг МекДрмот 30 2,01м крилоДежонтеј Мари 25 1.93м плејмејкерЈакоб Пртл 26 2.16м ЦентарЏошуа Примо 19 1.98м бекЏош Ричардсон 28 1.96м бек/крилоТомас Саторански 30 2.01м бекДевин Весел 21 1.96м бек/крилоЛоние Вокер231.93мбек/крилоЏо Вискамп221.98мбек/крило
Наводи
Надворешни врски
Официјалното мрежно место на Сан Антонио Спарс Спарс на Basketball Reference НБА Финале 2007
Категорија:Клубови во НБА Категорија:Сан Антонио Спарс