Белоноктата ветрушка (Falco naumanni) е мала соколовидна птица. Оваа птица е распространета сè од Средоземјето низ јужна и централна Азија па до Кина и Монголија. Ја има и во Македонија.

Опис

Ова е мала граблива птица долга од 27 до 33 см со распон на крилјата од 63 до 72 см. Наликува многу на обичната ветрушка, но има помали крилја и опашка. Го има истиот црн грб и сивиот стомак како и кај ветрушката. Мажјакот има сива глава и опаш како кај ветрушката, но ги нема темните точки на грбот, црната лента кај образите, а има сиви шари на крилјата. Женката и младите се малку посветли од женката кај обичната ветрушка. Повикот на белоноктата ветрушка е цврсто чеј-чеј-чеј , за разлика од кии-кии-кии на обичната ветрушка. И двата пола немаат темни канџи како кај повеќето соколи; кај овој вид канџите се во боја на слонова коска. Оваа птица јаде инсекти, но исто така и помали птици, влекачи и глодачи (најмногу глувци).

Размножување Белоноктата ветрушка се гнезди колонијално во објекти, карпи или пак во дупки во дрва. Снесува од 3 до 6 јајца.

Наводи

Надворешни врски Species text in The Atlas of Southern African Birds. Lesser Kestrel breeding in a village in the south of France Ageing and sexing (PDF; 3.5 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Птици Категорија:Птици на Македонија Категорија:Соколовидни