Цојтен () — општина во округот Даме-Шпревалд, во Бранденбург, Германија.
Географија
Се наоѓа близу југоисточната граница со Берлин на западниот брег на реката Даме и Цојтенското Езеро. Се граничи со Ајхвалде на север, Шулцендорф и Шенефелд на запад, Вилдау и Кенигс Вустерхаузен на југ, како и округот на Берлин Трептов-Кепеник на источниот брег на Цојтенското Езеро, каде општината ја поседува енклавата Мирсдорфер Верде. Четирите општини на Цојтен, Ајхвалде, Вилдау и Шулцендорф претстапуваат субурбанизирана област.
Железничката станица Цојтен се наоѓа на железничката линија Берлин - Герлиц.
Историја
мини|лево|Црква Мартин Лутер
Веројатно има словенско потекло како многу места во Бранденбург. Цојтен со соседните Мирсдорф и Герсдорф бил првпат споменат во 1375 во документ на императорот Карло IV, кој го добил маркгрофовијата две години претходно од баварската династија Вителсбах.
Уништен од Триесетгодишната војна и со население од само 122 жители во 1860, брзиот развој на поранешното село на речниот брег во посакувана субурбана станбена зона започнал кратко потоа со изградбата на железничката линија до Герлиц и издигнувањето на Берлин како главен град на Германското Царство во 1871. Станицата Цојтен била пуштена во употреба на 1 ноември 1897. Соседниот Мирсдорф бил припоен кон општината во 1957.
Во Втората светска војна, германското министерство за телекомуникации започнала да гради циклотрон и објект за облагодарување на изотопи во Цојтен, кој од 1962 бил употребуван како источногермански институт за физика, дел од Академијата на науки на ГДР. По повторното обединување на Германија, објектите биле споени како второ седиште на институтот DESY.
Меѓународни односи
Маломице, Полска Интерлакен, Швајцарија
Наводи
Категорија:Даме-Шпревалд Категорија:Бранденбург (покраина)