В. Организирање податоци Верувале или не, најтешката реченица во статистика е: Да се организираат следните податоци и истите да се претстават со соодветен дијаграм. Најважното во овој процес е добро да се разбере зошто биле податоците собрани. </p>
Пример В-1:</strong> Во Табела 8 дадени се дадени измерените телесни температури на еден пациент на болница во рок од 24 саати и тоа на секои 4 саати. По потреба доорганизирај ги податоците и претстави ги со соодветен дијаграм.</p>
Измерени температури на пациент Час 10 14 18 22 2 6 °C 38,8 38,7 38,2 38,5 37,0 37,5 Табела 8: Податоци за температура Решение: Имаме мал број на последователно (во време) податоци, па сметаме дека доволно добро се организирани за графичко претставување. Можеби најдобра графичка презентација на овие податоци е дијаграм што би ја покажал ова последователна врска, односно линиски дијаграм (види Слика 4). 500px Слика 4: Линиски дијаграм на податоци
Забележуваме дека „како стандардно“ го ставивме времето по хоризонталната оска, а вредностите (тука температурите) ги ставивме по вертикалната оска. Исто така, забележуваме дека иако температурите се броеви, „просечна“ температура на еден пациент нема смисла.
Пример В-2: Во Табела 9 се дадени измерените телесни температури на 6 пациенти со истата болест. По потреба доорганизирај ги податоците и претстави ги со соодветен дијаграм.
Измерените температура на 6 пациенти Пациент 1 2 3 4 5 6 °C 38,8 38,7 38,2 38,5 37,0 37,5 Табела 9: Податоци за температура Решение: Тука податоците не се „поврзани“ така што можеби е подобро да ги претставиме со точкест дијаграм (ги криеме линиите во ексел) како на Слика 6. Бидејќи има смисла, додадена е просечната температура, т.е. аритметичката средина на шесте температури. 500px Слика 5: Точкест дијаграм на податоците со нивниот просек
Забележуваме дека истите податоци се „дадени“ во примерите В-1 и В-2, но јасно е дека целта е различна, па на друг начин треба да се обработуваат овие податоци, односно да ги претставиме со различни дијаграми. Исто така, во првиот пример В-1, редоследот на податоците е важен бидејќи се мерени во време, а во вториот пример редоследот не е важен. Значи, доколку сакаме во пример В-2, можеме да ги реорганизираме, односно, на пример да ги подредиме податоците од помала кон поголема температура (види Табела 10 и Слика 6).
Сортирање на податоци
Измерените температура на 6 пациенти Пациент 1 2 3 4 5 6 °C 37,0 37,5 38,2 38,5 38,7 38,8 Табела 10 : Податоци за температура – подредени по големината 500px Слика 6: Точкест дијаграм на подредени податоци со нивниот просек
Како што рековме при организирање на податоците најважното е да се има предвид зошто биле собрани податоците. Меѓутоа исто така при организирањето важен е и типот на податоците и дали и како се групираат.
Литература Descriptive Statistics on Wikipedia
Други референции A. Описна статистика Б. Описна статистика - Собирање податоци Г. Описна статистика - Сурови и групирани податоци Д. Описна статистика - Типови податоци
Категорија:Математика Категорија:Статистика