Хавиер Матијас Пасторе (роден на 20 јуни 1989) — аргентински поранешен фудбалер, играч од средниот ред.

Технички одлики Најчесто настапува на позицијата офанзивен играч од средниот ред, но понекогаш бил користен и на врвот на нападот.

Каирера Пасторе ја започнал својата кариера во Талерес, во неговата родна Аргентина, а потоа преминал во редовите на Уракан. Во 2009 година, тој се преселил во италијанската Серија А каде потпишал договор со Палермо за пријавена сума од 4.700.000 €. Во 2011 година, Пасторе потпишал за Лига 1 тимот, Париз Сен Жермен, кој го откупил неговиот договор од Палермо за надоместок од 39.800.000 €. Својата прва сезона во Париз ја завршил со 43 настапи, 16 голови и 8 асистенции во сите натпреварувања, но не успеал на својот тим да му донесе ниту еден трофеј иако ПСЖ бил блиску до освојувањето на Лига 1, сепак на крајот заостанале три бода зад шампионот Монпелје завршувајќи како втори.

Надворешни врски Хавиер Пасторе на soccerway

Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Аргентински фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Палермо Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Рома Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Луѓе од Кордоба (Аргентина)