Смрча () — род на иглолисни зимзелени дрва со околу 35 вида. Припаѓа на семејството на боровите (Pinaceae), а најзастапена е во умерениот појас и подрачјата со тајга ширум светот. Смрчите се големи дрва, со висина од 20–60 метри и се одликуваат со конусниот облик на крошната кога се млади. Игличките се четирирабни и прицврстени во снопчиња.
Игличките ги јадат ларвите на неколку вида на пеперутки.
Смрчата во Македонија Во Македонија растат неколку вида на смрча, од кои како автохтона се јавува само обичната смрча (P. abies). Бодликавата смрча (P. pungens) расте како внесен вид со стопанска намена. Покрај нив, присутна е и омориката (P. omorika), која служи како парковско дрво, но и во шумите.
Низ Македонија минува самата јужна граница на ареалот на смрчата. Природни шуми од обична смрча има во сливовите на реките Пена и Радика, како и во мало изолирано подрачје во месноста Мурите во Беровско.
Видови Во светот постојат 35 видови на смрча.
мини|исправено|Тукушто никната сива смрча (P. glauca) thumb|исправено|Неузреани шишарки на црна смрча (P. mariana) мини|исправено|Шишарки и листови на бодликава смрча (P. pungens)
клад I жална смрча (Picea breweriana) клад II ситканска смрча (Picea sitchensis)
клад III Енгелманова смрча (Picea engelmannii) сива смрча (Picea glauca)
клад IV Сарџентова смрча (Picea brachytyla) чивавска смрча (Picea chihuahuana) Фарерова смрча (Picea farreri) ликјаншка смрча (Picea likiangensis) Мартинезова смрча (Picea martinezii) Максимовичева смрча (Picea maximowiczii) тајванска смрча (Picea morrisonicola) Вичова смрча (Picea neoveitchii) кавкаска смрча (Picea orientalis) виолетова смрча (Picea purpurea) Шренкова смрча (Picea schrenkiana) хималајска смрча (Picea smithiana) сикимска смрча (Picea spinulosa) мазна смрча (Picea torano) Вилсонова смрча (Picea wilsonii)
клад V обична смрча (Picea abies) Олкокова смрча (Picea alcoquiana) (syn. P. bicolor) алпска смрча (Picea alpestris) — најчесто се смета за варијанта на обичната смрча четинеста смрча (Picea asperata) чингхајска смрча (Picea crassifolia) Гленова смрча (Picea glehnii) ајанска смрча (Picea jezoensis) корејска смрча (Picea koraiensis) Којамина смрча (Picea koyamae) црна смрча (Picea mariana) Мајерова смрча (Picea meyeri) сибирска смрча (Picea obovata) оморика (Picea omorika) бодликава смрча (Picea pungens]] свиена смрча (Picea retroflexa) црвена смрча (Picea rubens)
Употреба Дрво и преработки мини|исправено|Талпа од обична смрча Смрчата наоѓа примена како добро дрво за столарија и во градежништвото, и особено погодно за изработката на трупови на дрвени воздухоплови. Од ова дрво се прават многу жичени инструменти како што се гитарата, мандолината, виолончелото, виолината, резонантната кутија во средината на пијаното и харфата. Првото летало на Браќата Рајт, наречено Flyer („Летач“) било изработено од смрча.„Пресвртници во воздухопловството - Рајтовиот Flyer од 1903 г.“ — Национален воздухопловно-вселенски музеј на САД
Бидејќи смреката не е отпорна на гниење и штетници откако ќе се исече и трае само 12-18 месеци ако е изложено надвор. Затоа, нејзиниот дрвен маетријал се препорачува да се користи само за внатрешно уредување.
Смрчата е од големо знчење за добивање на дрвена каша за изработка на хартија. Долгите конци на дрвото даваат цврст производ кој воедно лесно се бели.
Храна и напитоци
Младите изданоци на смрчите и боровите се богати со витамин Ц. Познато е дека капетанот Џејмс Кук правел алкохолен напиток од смрчини гранчиња што го пиела посадата за да се заштити од скорбут. Ваквиот напиток постои и денес во северна Европа и Канада.
Други примени Од смолата на смрчата се правел катран пред да се појават денешните катрани од нафтени деривати.
Северномериканските староседелци ги користат тенките корења за плетење на кошници и зашивање на брезова кора при изработката на чунови.
Смрчата ужива популарност како украсно дрво во хортикултурата поради нејзината симетричност, и имаат често присуство во домовите како новогодишни елки (особено обичната смрча и омориката).
Смрчата како мотив во уметноста и во популарната култура Понекогаш, смрчата се јавува како инспирација или тема во делата од уметноста и популарната култура, како: „Елки и смрчи“ (Јелике и оморике) - расказ на српскиот писател Петар Кочиќ.Петар Кочић, Јаблан и друге приповетке. Београд: Просвета, 1971, стр. 34-35.
Наводи
Надворешни врски
Смрча (Picea) — „База на голосеменици“
Категорија:Борови Категорија:Флора на Македонија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ