Ниша Савељиќ (; р. ) — поранешен црногорски фудбалер, играч од одбраната.
Тој е поранешен репрезентативец на СР Југославија, за која настапил 32 пати и постигнал еден гол.
Кариера Роден е во Титоград. Како еден од најдобрите одбранбени фудбалери во СР Југославија во 90-тите години, Савељиќ ја започнал кариерата во ОФК Титоград, но набрзо продолжил во Будуќност, а потоа една сезона поминал и во екипата на Хајдук Кула. Потоа напрвил трансфер во Партизан, за кој настапувал од 1995 до 1997 година. Во летото 1997, Савељиќ потпишал за францускиот тим Бордо со кој во сезоната 1998-99 ја освоил титулата првак на Франција. Со игрите за Жирондинците, како и со својте настапи во екипите на Сошо, Бастија, Генгамп и Истр останал засекогаш познат во земјата на „триколорите“.
Репрезентација За репрезентацијата на СР Југославије, Савељиќ дебитирал на 31 јануари 1995 година, против Хонгконг. Исто така тој бил член и на југословенската репрезентација на Светското првенство 1998 и на Европското првенство 2000 година.
Титули Партизан Прва фудбалска лига на СР Југославија : 2 1995-1996, 1996-1997 Бордо Лига 1 : 1 1998-1999
Надворешни врски Ниша Савељиќ на reprezentacija.rs
Категорија:Црногорски фудбалери Категорија:Југословенски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Партизан Категорија:Фудбалери на ФК Бордо Категорија:Фудбалери на ФК Сошо Категорија:Живи луѓе Категорија:Луѓе од Подгорица