Пеги Луиндула (роден на 25 мај 1979 година во Киншаса) — француски поранешен фудбалер, кој играл на позицијата напаѓач.
Клупска кариера Рана кариера Луиндула ја започнал својата кариера во Ниор и во својата прва професионална сезона постигнал 8 гола, со што им фатил око на скаутите на Стразбур. Тој му се приклучил на Стразбур во 1998 година и постигнал 19 првенствени голови во 85 натпревари. За ова време тој заработил репутација на еден од најперспективните фудбалери во францускиот фудбал.
Олимпик Лион Луиндула продолжил со неговиот напредок по фудбалските скалилата со доаѓањето во еден од најголемите француски клубови во овој период, Лион. Во јануари 2002 година тој го завршил трансферот во Лион за 5,5 милиони £ и ја продолжи својата добра форма постигнувајќи 6 гола и помагајќи му на Лион да триумфира во француската лига. Тој останал во Лион и во следните две сезона освојувајќи уште две првенствени титули. Неговата најпродуктивна сезона била 2003-04 кога тој постигнал 16 порвенствени голови помагајќи му на Лион да дојде до шампионската титула во Лига 1.
Марсеј Откако за сума од 24.000.000 £, која претставува клупски рекорд го продал Дидје Дрогба на Челзи, Олимпик Марсеј го насочил неговиот интерест кон Луиндула како негова замена. Иако Луиндула изразил желба да остане во Лион и покрај нивните неодамнешни успеси клубот претрпел големи финансиски проблеми и продажбате изгледала веројатна. На крајот тој направил трансфер во Марсеј, а на Лион му биле исплатени 7,5 милиони £.
Тој брзо се нашол во немилост на Велодром, и покрај тоа што бил најдобриот стрелец на клубот во сезоната 2004-05. Тој бил позајмен на ФК Осер, каде што повторно се обединил со својот поранешен тренер од Лион Жак Сантини, за време на сезоната 2005-06, но Луиндула не успеал да го убеди клубот да го задржи на трајна основа. Во летото на 2006 година, тој на тој начин се вратил во Олимпик Марсеј и се нашол на работ на првиот тим, пред да оди на уште еден заем овој пат во шпанскиот клуб Леванте.
Париз Сен Жермен Луиндула не останал долго во Шпанија. Пред почетокот на сезоната 2006-07 се вратил во Франција, каде потпишал за Париз Сен Жермен.
Њујорк Ред Булс Во декември 2012 година беше објавено дека Луиндула ќе го раскине неговиот договор со ПСЖ и дека ќе потпише со Њујорк Ред Булс. Њујорк официјално го објавил потпишувањето со Луиндула на 19 март 2013.
Репрезентативна кариера Тој има шест настапи во кој постигнал и еден гол за репрезентацијата на Франција. Своето деби го имал во 2004 во пријателскиот натпревар против Босна и Херцеговина.
Титули Стразбур Куп на Франција : 2001
Олимпик Лион Лига 1 : 2002, 2003, 2004, Француски Суперкуп : 2002, 2003.
ПСЖ Лига куп : 2008 Куп на Франција : 2010
Надворешни врски ligue1 profile lequipe.fr profile psg.fr profile footballdatabase.eu
Наводи
Категорија:Живи луѓе Категорија:Француски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Марсеј Категорија:Фудбалери на ФК Париз Сен Жермен Категорија:Фудбалери на ФК Њујорк Ред Булс Категорија:Фудбалери во МЛС Категорија:Родени во 1979 година