мини|десно|300п|Масивот Шара во северозападна Македонија. Планински масив или само масив — место на Земјината кора со истакнати раседи или набори. При поместувањето на Земјината кора, масивот ја задржува внатрешната структура, а се поместува во целина. Поимот се однесува и на група планини составени со ваква образба.
Во планинарството и алпинизмот, под „масив“ се подразбира главната маса на некоја поединечна планина. Масивот е помала составна единица на кората од тектонската плоча и во геоморфологијата се смета за четврта движечка сила по големина.Allen, 2008, Time scales of tectonic landscapes and their sediment routing systems, Geol. Soc. Lon. Sp. Pub., v. 296, стр. 7–28.
Зборот потекнува од францускиот поим , каде означува голема маса од планини или збиена група од поврзани планини што сочинуваат независен дел од венецот. Еден од најзабележителните примери во Европа е Централниот Масив во регионот Оверњ, Франција.
Пример за вонземски масив е т.н. „Лице на Марс“ во регионот Кидонија. ()
Масивите се образуваат и под вода, во самото море. Таков пример е подводниот вулкан Таму во северозападниот Тихи Океан — најголем вулкан на Земјата.
Поврзано Планински венец Тектоника на плочите
Наводи
Масив Категорија:Земјишни облици