Антонио Аугусто Рибеиро Реис Жуниор (роден 30 јануари 1975), попознат како Жунињо или Жунињо Пернамбукано,Неговиот прекар доаѓа од комбинација на бразилскиот димунитив "Жунињо", кое најчесто се применува на секое лице со името "Јуниор" и "Пернамбукано", што значи некој роден во североисточниот дел на бразилската држава Пернамбуко. Тој бил често нарекуван како "Пернамбукано" и во јужниот дел на Франција. е поранешен бразилски фудбалер, играч од средниот ред. Моментално работи како фудбалски коментатор за бразилската спортска мрежа Реде Глобо.

Во својте играчи фудбалски денови Жунињо бил познат како специјалист за умртвување на топката и се сметал за еден од најголемите мајстори за изведување на слободните удари. Со вкупно 77 постигнати гола од слободни удари во кариерата, тој го држи рекордот на сите времиња во оваа категорија.

Својата кариера Жунињо ја започнал во Спорт Ресифе во Бразил, а потоа играл и шест години за Васко де Гама пред да дојде во францускиот Олимпик Лион каде играл осум години и станал легенда на клубот. Тој му помогнал на Лион да освои 7 последователни титули во Лига 1, постигнувајќи точно 100 гола на 350 официјални натпревари за клубот. По неговото заминување од Франција во 2009 година, Жунињо играл во Ал-Гарафа од Катар, во Њујорк Ред Булс во МЛС лигата и повторно во Васко да Гама каде се пензинорал во 2013 година.

За бразилската репрезентација Жунињо постигнал шест гола во 40 натпревари, а од репрезентативниот фудбал се повлекол по Светското првенство 2006.

Титули Олимпик Лион Лига 1 : 7 (рекорд) 2001-2002, 2002-2003, 2003-2004, 2004-2005, 2005-2006, 2006-2007, 2007-2008. Куп на Франција : 1 2007-2008. Суперкуп на Франција : 6 2002, 2003, 2004, 2005, 2006, 2007.

Наводи

Надворешни врски Официјална страница на facebook Жунињо Пернамбукано на lequipe Жунињо Пернамбукано на soccerway Жунињо Пернамбукано на transfermarkt Жунињо Пернамбукано на espn

Категорија:Бразилски фудбалери Категорија:Родени во 1975 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2006 Категорија:Фудбалери на ФК Олимпик Лион Категорија:Фудбалери на ФК Њујорк Ред Булс Категорија:Фудбалери во МЛС