Мајдугури () или Јерва (Yerwa) — главен град на сојузната држава Борно во Нигерија. Тој е дом на два пазара, музеј и аеродром. Градеот ги има едни од најдобро опремените универзитети и болници во Нигерија. Фудбалскиот клуб Воини на ел-Канеми е од овој град.

На 8 февруари 2006 имаше протести и бунтови против постерите на Мухамед публикувани во данскиот весник Јиландс-Постен, кои оставија околу 16 жртви. Единаесет цркви беа запалени за време на протестите.

Градот лежи на крајот на железничката линија за Порт Харкурт.

Познат е по многуте напади од страна на терористичката организација Боко Харам.

Надворешни врски Ал Џазеира: Петнаесетмина убиени во бунтовите за цртаните со Мухамед

Категорија:Градови во Нигерија Категорија:Населени места основани во 1907 година