Свети Димитриј — главна селска црква во дебарското село Броштица, Македонија.
Црквата е руинирана, при што е целосно срушена припратата, додека самата црква е зачувана откако биле поставени столбови во 2007 година.
Местоположба
Црквата се наоѓа сосема надвор од селото Броштица, сместена во длабока шума. До црквата може да се стигне единствено пеш следејќи козји патеки во времетраење околу половина час одење од последните куќи на селото Броштица.
Историја
Таа е единствената преостаната црква од трите во селото, кои се срушиле поради ерозија на земјиштето. Поради фактот дека православното население од Броштица е иселено, за црквата се грижи локалното муслиманско население.Во Броштица муслиманите за здравје палат свеќи во православна црква (Нова Македонија; број 22556 | сабота 14.4.2012)
Црквата е изградена во 1868 година, како што е испишано и на самата црква при нејзиниот влез. Била реновирана во 2007 година.
Кражби
На почетокот на мај 2013 година, црквата била осквернавена од трагачи на закопано богатство. Тогаш било копано кај престолот и на уште неколку места во црквата, а ископан бил и еден гроб.
Галерија
Поврзано Дебарско архијерејско намесништво Дебарско-реканска парохија Броштица
Наводи
Надворешни врски
Броштица Категорија:Броштица