Тоса, исто така познат како Тоса Ину или јапонски борец () е раса на кучиња со потекло од Јапонија. Според класификацијата на FCI се категоризира како Втора група на FCI, меѓу молоси. мини|десно|250 п|Јапонскиот пес борец Тоса Ину
Изглед Јапонскиот борец „тоса“ е голема и моќна раса. Тој мора да ја задржи агилноста и покрај неговата тежина. Тоса Ину има голема глава која делумно е во форма на клин. Исто така карактеристични се и борите на челото, спуштените уши, кои висат близу до образите. Неговото тело е долго и исклучително мускуларно и развиено. Крзното му е силно и тешко. Опашката е долга и дебела, а влакната се кратки.Основните информации, Gretabreeds.com . Тежината на машки кучиња се движи од 40 до 88 килограми. Женките се значително полесни и ретки се случаите масата да надмине 70 кг. Kaко и тежината, така и висината на овие кучиња во пракса многу варира. Висината за машки кучиња е во просек 64 - 77 см. Меѓутоа, горната граница на висината не е строго определена. Бојата на крзното може да биде жолта, црвена, кајсија, кафеава, а поретко е црна или тигреста. мини|десно|250 п|Главата на Тоса Ину Карактер
Јапонскиот борец тоса е една од најхрабрите раси на кучиња. Тој има одлична издржливост на физички напор и болка. Поседува независна автономна личност. Сопственикот на тосата мора да биде строг, а за луѓето кои се плашат, оваа раса не е препорачлива. Може да се дресира, но само ако сопственикот има решителност и не е флексибилен. Кога е социјализиран може да биде во придружба и со други кучиња и животни. Иако е голем, тосата може да живее во куќа или стан, но тој треба секојдневно да има активни вежби. И покрај својата тежина, со соодветна обука, може да постигне голема брзина и агилност. Исклучителната издржливост на тосатаhttp://dogs.bsl-sbt.com/dogs/tosainu.php, кога е комбинирана со добра дресура, може да создаде куче за заштита на луѓето и објектите.Некои земји имаат спроведено сериозни истражувања за користење на Тосата во војска и за службени цели.
Здравје
Јапонските кучиња борци живеат во просек од 10-12 години. Тоса е генерално витален пес. Кај него, сепак, повремено се манифестираат проблеми со очите, надуеност и болки во зглобовите.http://www.yourpurebredpuppy.com/health/tosainu.html
Грижа
Бидејќи има кратко влакно не е потребна поголема нега на крзното. Влакното му се менува неколкупати во годината. Крзно е силно и речиси бесчувствително на надворешни повреди.http://www.gentlegiantsrescue-tosa-inu-mastiffs.com/caring-and-feeding-tosa-inu-japanese-mastiffs.htm Кога има услови, треба да му се обезбеди семејна љубов, но тосата е прилагодлива и на условите без човечко присуство, особено ако неговата цел е да врши службени функции.
Историја
Расата тоса била развиена во 19. век со вкрстување на јапонското куче од Шикоку и кучиња од Европа. Меѓу другото, се користеле булдози, мастифи, поентери, доги, бул териери и, според некои извори, и стафорд териери. Покрај тоа, во создавањето на оваа раса биле користени и бернардинци и други европски борбени кучиња. Јапонскиот борец е, како што сугерира и името, создаден исклучиво за борба со кучиња. Поради неговата храброст и сила, таа раса се употребува во борби и денес, посебно во некои земји од Азија, Европа и Јужна Америка. Во земјите каде таквите борби се легални, оваа раса е многу популарна.http://www.youtube.com/watch?v=DULCRbmScJo И покрај нивната храброст и потенцијал да станат агресивни кон другите животни, оваа раса има благороден, сталожен карактер и развива особен емотивен однос кон својот сопственик, како и кон членовите на семејството.Инаку, Тоса е раса што поседува висока емоционална интелигенција.
Наводи
Надворешни врски Ostuni, Steve (2003). Japanese Tosa. Allenhurst, New Jersey, Allenhurst: Kennel Club Books. ISBN 1-59378-336-1. Shakuhachi Imperial Tosa-inu Tosa Inu Information Pages Wielie Walie Tosa Inu Molosserworld's Tosa Inu Page More Japanese dog breeds Greatbreed.com
Категорија:Кучешки раси Категорија:Кучешки раси кои потекнуваат од Јапонија