Вие е лична заменка за второ лице множина во македонскиот јазик. Оваа лична заменка се користи да се означи група луѓе, која не го опфаќа говорникот. Заменката „вие“ се користи и за персирање, односно учтиво општење со одредена личност и секогаш се пишува со голема буква во ваков контекст.
Лични заменки Личната заменка „вие“ се користи како подмет во реченицата, односно да се означат лицата кои го врши дејството и лицата за кого се однесува нешто. Останатите форми за второ лице множина може да се видат во следнава табела, која патем ги наведува сите лични заменки во македонскиот јазик:
Потекло Старословенската форма еквивалентна на македонската „вие“ е ''. Така, оваа македонска лична заменка е слична со останатите заменки за второ лице множина на останатите словенски јазици, спореди: vy на словачки и чешки, wy на полски и лужичкосрпски, vi на словенечки, српски, хрватски, босански и црногорски, вие на бугарски, вы на руски и белоруски и ви на украински.Лични заменки во словенските јазици, на англиски.
Македонската заменка „вие“ настанала од старословенската . Потсилувањето на старата едносложна заменска морфема била извршена со додадање на гласот 'е', сè со цел да се закрепи нивната изразеност.Конески, Блаже (1967), Историја на македонскиот јазик, Скопје, стр. 144
Употреба Оваа лична заменка се користи да се означиме себеси како група, односно повеќе од едно лице без лицето кое зборува.
Поврзано Заменки во македонскиот јазик Номинатив
Наводи
Категорија:Лични заменки во македонскиот јазик