+ ГвинедGwynedd250пГеографија Површина- Вкупно- % водаII место2.548 км2? %Админ. центарКарнавон Најголем град БангорISO 3166-2GB-GWNONS00NC (ONS)W06000002 (GSS)Демографија Население:- ()- Густина  место место жит/км2Народност99,0% Белци велшки- Секое нивоI место76,1%

Гвинед (; ) — област во северозападен Велс, наречена по Кралство Гвинед. Оваа област е втора по големина во земјата и меѓу најретко населените. Голем дел од населението говори велшки јазик. Името Гвинед се однесува и на зачувана грофовија, која ги опфаќа областите Гвинед и Англси. Во културна-историска смисла, името важи за целиот Северен Велс, кајшто се протегало некогашното Кралство Гвинед. Денес површината изнесува 2.548 км².

Најважна висоокбразовна установа во Гвинед е Бангорскиот универзтет во градот Бангор. Најзначајна природна знаменитост е живописниот полуостров Лин и Националниот парк Сноудонија.

Историја мини|лево|Поглед на Тремадошкиот Залив мини|лево|Грофовијата Гвинед од 1974 до 1996 г. со островот Англси

Гвинед бил независно кралство од крајот на римскиот период, па сè до XIII век, кога потпаднал под англиска власт. Денешен Гвинед е еден од осумте грофовии во земјата создадени во 1974 г.Local Government Act 1972 врз основа на целините во некогашното кралство. Ги опфаќал старите грофовии Англси, Карнавоншир и Мерионетшир со исклучок на Едејрнион (кој е во Клуид), како и неколку реони во Денбишир: Ланруст, Лансанфрајд Глан Конви, Еглујсбах, Ландогед и Тир Иван.

Познати личности Вејн Хенеси — голман во Фудбалската репрезентација на Велс, играч за ФК „Вулверхемптон Вондерерс“ Т.Е. Лоренс, наречен „Лоренс од Арабија“ — офицер и деец на Блискиот Исток Дејвид Лојд Џорџ — премиер на Велика Британија Дафи — соул-пејачка. Брин Тервел — оперски пејач

Поврзано Национален парк Сноудонија Области во Велс

Наводи

Надворешни врски

Совет на Гвинед

Категорија:Области во Велс Категорија:Области во Велс Категорија:Зачувани грофовии во Велс