мини|Панорама од Бризбејн Бризбејн () е главен и најнаселен град во австралиската држава Квинсленд. Тој е трет град според број на жители во Австралија. Според податоцит еод пописот во 2006 година во градот живееле 1.676.389 жители.
Бризбејн е еден од најзначајните градови во Австралија. Се наоѓа меѓу рамнината на Бризбејнска река и Тихи Океан, на југоистокот на Квинсленд. Градот го добил името по Томас Бризбејн, управник на Нов Јужен Велс кој таа функција ја обавувал во периодот од 1820 ди 1825 година. Градот првин бил сместен на 40 км од своето сегашно место. Претставувал село во кое живеела казнена колонија.
Колонијата во 1825 година се преселила на територијата на денешен Бризбејн. Од 1842 година градот нагло се шири. Конечно во 1859 година е одлучено градот да стане престолнина Квинсленд. Градот се развивал споро по Втората светска војна кога имал важна улога во сојузничката борба, како седиште на Југозападниот тихоокеански штаб на генералот Даглас Макартур.
Население Според пописот од 2006 година во градот живееле 1.676.389 жители.
Број на жители во Бризбејн, 1991-2006 1991 1996 2001 2006 1.145.537 1.291.117 1.508.161 1.676.389
Бризбејн како тема во уметноста и во популарната култура „Битката за Бризбејн“ (The Battle of Brisbane) - песна на ирската рок-група „Поугс“ (The Pogues) од 1984 година.YouTube, The Pogues - Red Roses For Me (FULL ALBUM) (пристапено на 22 август 2017)
Наводи
Надворешни врски Град Бризбејн „Наш Бризбејн“ — официјален инфопортал
Категорија:Градови во Австралија Категорија:Градови во Квинсленд Категорија:Австралиски главни градови Категорија:Населени места основани во 1824 година