Геогебра е бесплатна интерактивна програма за математика вклучувајќи геометрија, алгебра, анализа и примената математика, наменета за наставници и ученици.http://geogebra.org Геогебрата е софтвер напишан во Java, со што е достапен за повеќе платформи. Геогебра е динамичен софтвер за математика и математичко образование. Во гранката на геометрија, конструкциите можат да се направат на многу едноставен начин користејќи точки, вектори, отсечки, прави, сегменти, многуаголници, неравенки, конусни пресеци, имплицитни полиноми и функции. Секој од нив може да се менува динамички. Елементите можат да се внесат или променат директно на екранот или преку лентата за внесување. Постојат и огромен број на можности и команди за работење со алгебра и линеарна алгебра, статистика преку табеларен приказ како и компјутерски систем за алгебра (CAS - computer algebra system). Геогебра има способност да користи променливи за броеви, вектори и точки, да наоѓа изводи, интеграли на функции и цел комплет на команди како корен и екстреми.

Превод на македонски Геогебра е целосна достапна на македонски јазик.

Институт за Геогебра на Р Македонија Институтот за Геогебра на Р Македонија - ИГМКД е заснован во ноември 2009 г. од Меѓународниот институт за Геогебра. Проф. д-р Линда Стојановска, раководител д-р Зоран Трифунов, заменик раководител

Литература

Поврзани теми

Надворешни врски http://geogebra.org http://geogebramkd.wikispaces.com http://geogebramkd.wikispaces.com/Геогебра+-+туторијали http://wiki.geogebra.org/mk/

Категорија:Бесплатен образовен софтвер Категорија:Интерактивен софтвер Категорија:Математички софтвер