Црвеногушка () — мала инсектојадна врапчевидна птица од семејството на муварчињата (Muscicapidae), која порано била сместена меѓу дроздовите (Turdidae). Долга околу 12.5-14 см, и мажјаците и женките со исти бои - портокалови гради и лице обрабени со сиво, кафеави горни делови и белкави долни делови - оваа птица ја има низ цела Европа, на исток до западен Сибир, на југ до северна Африка. Ја има и во Македонија. Таа е обично постојан жител (не е преселница), освен од најсеверните делови на нејзиниот опсег.
Таксономија и систематизација Црвеногушката е еден од многубројните видови за првпат опишани од Linnaeus во неговото дело од 18 век, Systema Naturae, под името Motacilla rubecula. Епитетот rubecula е деминутивна форма од латинскиот збор ruber, што значи „црвен“. Родот Erithacus бил создаден од францускиот природонаучник Cuvier 1800 година, давајќи ѝ го на птицата денешното научно име E. rubecula. Cuvier, G. (1800) Lecons d'Anatomie Comparée Paris.
Во својот широк опсег низ континентална Европа, црногушките по малку се разликуваат, но не формираат посебна популација која може да се смета за подвид.Dietzen, C.; Witt, H.-H. & Wink, M. (2003): The phylogeographic differentiation of the robin Erithacus rubecula on the Canary Islands revealed by mitochondrial DNA sequence data and morphometrics: evidence for a new robin taxon on Gran Canaria? Avian Science 3(2-3): 115-131. Подвидовите на црвеногушките имаат свои популации на островите или на повисоките планини.
На Канарските Острови
Птици кои најмногу се разликуваат како подвид се оние на Канарските Острови, на Гран Канарија (E. r. marionae) и Тенерифе (E. r. superbus), кои може да се сметаат за два различни вида, или барем подвида. Се разликуваат по белиот прстен околу окото, интензивно обоените гради и сива линија која ги одвојува портокаловите од кафеавите делови. Стомакот му е бел. Гетенски, и птиците од Гран Канарија и Тенерифе добро се разликуваат. Компарацијата меѓу marionae и superbus покажува дека првите имаат 10% пократки крилја од вторите.
Опис
Возрасната црвеногушка е долга 12.5-14 см, има распон на крилјата 20-22 см и тежи 16-22 грама. Мажјакот и женката имаат слично перје, портокалови гради и лице, обрабени со синкавосиво од страните на вратот и градите. Горните делови се кафеавкави, стомакот им е белкав, а нозете кафеави. Клунот и очите им се црни. Младенчињата се точкави, кафеави со бело, со дамки од портокалово.
Распространетост Црвеногушката е распространета од источна Европа до западен Сибир, на југ до Алжир и атлантските острови, на запад сè до Азорите и Мадејра. Ги нема на Исланд. Далеку на исток досегаат до Кавказ. Скандинавските и руските птици се селат во Британија да ги избегнат острите зими. Овие преселници се познаваат по посивиот тон на горниот дел од телото и посветлите гради. Тие, исто така, сакаат повеќе елови шуми, за разлика од британските птици кои се одомаќиниле во парковите и градините.
Поведение
Црвеногушката е дневна птица, иако има сведоштва дека се појавува да лови инсекти на силна месечева светлина или близу до светилки, ноќе. Во британските и ирските градини таа чеесто доаѓа и не се плаши од луѓето, а особено ако се копа земјата, па чека да излезе некој црв или некоја друга свежо ископана храна. Оваа птица се смета за пријател на градинарите и никогаш не е повредувана од луѓето. За разлика од тука, во континентална Европа, птицата била ловена и убивана, па затоа е поплашлива. Обично се храни со инсекти и црви, но наесен и зимно време, ја дополнува својата исхрана со бобинки и овошје. Јаде и мешавина од специјални семиња подготвени и понудени од луѓето.
Мажјакот има многу агресивно територијално поведение. Ги напаѓа другите мажјаци што се обидуваат да им влезат во територијата, а забележано е дека напаѓаат и други мали птици без особена провокација. Овие напади често се фатални, па дури 10% од возрасните црвеногушки умираат во некои области.
Морталитетот е многу голем во првата година од животот, па затоа просечно, овие птици живеат 1.1 година. Но, ако ја преживеат првата година можат и долго да живеат, а забележана е возраст од 12 години.
Размножување
Црвеногушките може да одберат многу различни места за своето гнездо, всушност секоја дупка или длапка може да дојде предвид. Освен вообичаените пукнатини или затскриена места, овие птици го прават гнездото на многу чудни места како: во делови од машини, скари, кај рачките од велосипед, влакната на угоре свртени метли, фрлени котлиња, канти, саксии, па дури и шапки. Гнездото е направено од мов, лисја и трева, послани со помека трева, коса и пердуви. Имаат две до три легла годишно со по 5-6 јајца, кои се кремави испрскани со црвеникавокафеава боја. Кога младенчињата го напуштаат гнездото, тие се целите шарени кафеави. По 2-3 месеца почнуваат да им растат портокалови пердуви на градите, па постепено се здобиваат со изгледот на возрасните.
Огласување
Црвеногушката има свиркачко-црцоречка во сезоната на парење, кога често пеат навечер, а понекогаш и ноќе заради што некои го мешаат со славејчето (Luscinia megarhynchos). Ноќното пеење на урбаните црвеногушки се случува на места кои се многу бучни дење, сугерирајќи дека пеат ноќе зашто е потивко и нивната порака може појасно да ја пренесат. И мажјакот и женката пеат зиме, држејќи ја секој својата територија, а песната тогаш звучи потажно. Женката се преместува на нова територија зимно време која е попогодна за исхрана, а мажјакот останува на истата територија.
Во културата
Црвеногушката е присутна во британскиот фолклор и во северозападна Франција, додека во другиот дел на Европа речиси воопшто не е застапена.Ingersoll, стр. 167
Таа се смета за птица на бурата и е жртвувана на Тор, богот на грмотевицата во нордиската митологија.
Во британската традиционална приказна „Деца во шумата“, птиците ги покриваат мртвите тела на децата со лисја.
Во поново време, црвеногушката се поврзува со Божиќ и често ја има на частитките, почнувајќи од средината на 19 век. Исто така, ја има на многу божиќни поштенски марки. Ова доаѓа од една стара британска народна приказна, која се обидува да ја објасни бојата на црвеногушката. Легендата вели дека кога Исус умирал на крстот, оваа птица која тогаш била со обична кафеава боја, долетала до него и му пеела на уво за да го утеши во неговата болка. Крвта од раните на Исус ги испрскале градите на птицата и оттогаш овој вид го има знакот од Христос. An alternative legend has it that its breast was scorched fetching water for souls in Purgatory. Асоцијацијата со Божиќ, сепак, поверојатно произлегува од фактот дека поштарите во Велика Британија за време на кралицата Викторија носеле црвени униформи и го добиле прекарот „робин“ (црвеногушка); на картичките стоел амблемот на поштарите кои ги доставувале.
На гласање организирано од весникот Тајмс, 1960 година, црвеногушката, неофицијално, е прогласена за национална птица на Британија. Тогаш, оваа птица е употребена за симбол на Здружението за заштита на птиците.Public Petition Committee of the Scottish Parliament. National Bird (PE783). 10 November 2004. The Enterprise and Culture Committee of the Scottish Parliament Agenda (25th Meeting, session 2) on 31 Oct 2006
Наводи
Литература
Надворешни врски
Map of the distribution of the 3 Canarian Robin subspecies ARKive: Robin (Erithacus rubecula) images and movies . Retrieved 2006-NOV-30. Birds of Britain: Robin . Retrieved 2006-NOV-30. European Robin videos, photos & sounds on Internet Bird Collection. RSPB: Robin (Erithacus rubecula). Retrieved 2006-NOV-30. Sonatura : Song of the European Robin Sveriges Radio P2: Song of the European Robin (Real Audio soundfile) Ageing and sexing (PDF; 2.9 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze BBC Nature: Robin news, sounds and video clips from BBC programmes past and present.
Категорија:Муварчиња Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј