Ијан Џозеф Сомерхолдер (роден на 8 декември 1987 г.) — американски глумец и модел, најпознат по улогата на Буни Карлајл во серијата Изгубени и Дејмон Салваторе во натприродната драмска серија Вампирски дневници.

Животопис Самерхолдер е роден и израснат во Кавингтон, Луизијана, син на Една, физиотерапевт, и Роберт Сомерхолдер, независен градежен претприемач. Тој е второ родено дете во семејството, и има постар брат, Роберт, и помлада сестра, Робин. Како католик, тој го посетувал приватното католичко училиште во Кавингтон. На возраст од 10 до 13 години, тој започнал да се занимава со манекенство,Interview with Jay Leno, The Tonight Show, 2010-12-02. а на 17 години се впуштил во глумецските води.

Кариера

Летото 2000 година, Сомерхолдер глумел во краткотрајната серија Млади американци. Тој го глумел Хамилтон Флеминг, син на деканот на едно престижно училиште. Во 2002 година, тој го глумел бисексуалецот Пол Дентон во филмската адаптација на Роџер Ејвери, Правила за привлекување заснована на истоимениот роман на Брет Истон Елис', заедно со Џејмс ван дер Бик, Шенин Сосамон, и Џесика Бил.

Во 2004, Сомерхолдер успешно се пробил на филмската сцена со улогата на Буни Карлајл во хит серијата Изгубени. Сепак, и покрај смртта на неговиот лик во дванаесеттата епизода од првата сезона, тој повторно се појавува во улогата на Буни во уште седум епизоди во периодот помеѓу 2005 и 2010 година, вклучувајќи ја и последната епизода од серијата. Сомерхолдер бил првиот глумец кој бил ангажиран за серијата, а воедно и првиот лик кој умира.

Во 2009 година, Сомерхолдер се појавил во филмот Турнир на убијци каде игра улога на убиец кој учествува во смртоносен натпревар со други убијци.

Во јуни, истата 2009 година, Сомерхолдер добил улога на вампир Дејмон Салваторе во серијата Вампирски дневници. Премиерата на оваа серија, привлекла најголемо внимание од сите серии кои биле емитувани дотогаш, од основањето на оваа телевизија, во 2006 година. Серијата останала највисоко рангираната серија на овој канал, со што изведбата на Сомерхолдер, исто како и шоуто, добиле многу позитивни критики.

Во октомври 2012 година било објавено дека Сомерхолдер ќе се појави во филмот Ограничени со време, кој започнал со снимање во Лос Анџелес.

Филантропија Сомерхолдер учествувал во расчистувањето на нафтената платформа Дипвотер Харајзон по изливањето на нафта, која предизвикала една од најголемите еколошки катастрофи во историјата на САД, на 22 април 2010 година. Тој помагал околу оштетениот животински свет, и воедно ја известувал пошироката јавност на кои начини можат да помогнат. Сомерхолдер исто така го поддржува и хуманото општество Сент Темени, кое всушност е организација за засолнување и грижа за животните. На 13 ноември 2010 година, тој организирал добротворна акција за оваа организација. Во текот на настанот, Сомерхолдер ја претставил донацијата од 11.100 долари од љубителите на Вампирски дневници .

Сомерхолдер, заедно со своите колеги од Вампирски дневници, Кендис Акола и Мајкл Тревино, го поддржува интернет проектот It Gets Better, чија цел е да се спречи самоубиството кај лезбејките, хомосексуалците, бисексуалците, кој е поврзан со американската организација Проект Тревор.

Преку Твитер и неколку негови интервјуа, Сомерхолдер изјавил дека ќе ја основа Фондацијата Ијан Сомерхолдер (која започнала со работа на 8 декември 2010 година, на неговиот 32. роденден), за која тој се надева дека ќе им помогне на луѓето да разберат колку е важно да се заштити средината и животните. Тој изјавил: „Наместо подароци, мојата роденденска желба оваа година е да се здружиме и сите заедно да собереме средства за да ги поддржиме проектите кои се организираат за заштита на нашето место на живеење и грижа за животните – нашите пријатели прикриени со крзно.“.Vee (2010-11-16). "Exclusive: Ian Somerhalder Set to Launch His Foundation, Explains How You Can Help" , vampire-diaries.net.

Личен живот Сомерхолдер бил во врска со колешката од Вампирски дневници, Нина Добрев, од 2010 до 2013 година. Во средината на 2014 година, Сомерхолдер започнал врска со глумицата Ники Рид. Тие ја потврдиле нивната веридба во февруари 2015 година, и се венчале на 26 април 2015 година во Малибу, Калифорнија.

Филмографија + Филм Година Наслов Улога Забелешки 1998 Celebrity Unconfirmed Uncredited 2001 Мојата куќа од соништата Џош 2002 Замена на срца Џејсон Кели 2002 Правила за привлекување Пол Дентон 2004 Во рацете на непријателот Дени Милер 2004 Старецот и неговото студио Мет Краток филм 2006 Пулс Декстер 2006 The Sensation of Sight Дрифтер 2008 Изгубениот Самарјанин Вилијам Арчер 2009 Будење Тајлер 2009 Турнир на убијци Мајлс Слејд 2010 Како да водиш љубов со жена Даниел Мелцер 2013 Фатени на дело Офицер Луис 2013 Ограничени со време Агент Блек Краток филм 2014 Аномалија Харкин Лангам

+ Телевизија Година Наслов Улога Забелешки 1997 The Big Easy I.Q. 1 episode: "The Black Bag" 1999 Сега, но и повторно Брајан 1 епизода: Животот на една девојка" 2000 Млади американци Хамилтон Флеминг Главна улога; глуми во сите 8 епизоди 2001 Анатомија на криминалот од омраза Расел Хендерсон ТВ филм 2002 Истрага на местото на злосторството Тони дел Нагро 1 епизода: "Одмаздата најдобро се сервира ладна" 2002 Закон и ред: Оддел за жртви Чарли Бејкер 1 епизода" 2003 Истрага на местото на злосторството: Мајами Рики Мурдок 1 епизода: "Најдобрата одбрана" петтата епизода од втората сезона. 2004 Бестрашни Џордан Грејси Непродаден ТВ пилот 2004 Смолвил Адам Најт 6 епизоди (Трета сезона) 2007 Марко Поло Марко Поло ТВ филм 2007 Кажи ми дека ме сакаш Ник 6 епизоди 2008 Крадците од изгубениот град Џек Кубијак ТВ филм 2009 Огнена топка Ли Купер ТВ филм 2004–2010 Изгубени Буни Карлајл Главна улога; 30 епизоди 2009–сè уште Вампирски дневници Дејмон Салваторе Главна улога

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Американски глумци Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Американски природозаштитници Категорија:Американски филмски глумци