Свиларчето () е мала кафеава птица што живее во грмушки, низ јужна и централна Европа, северозападна Африка и југоисточна умерена Азија до Авганистан и северозападен Пакистан. Ја има и во Македонија. Ова е единствена птица од ова семејство што е распространета надвор од Азија. Taa e многу прикриена птица, односно тешко може да се види, како славејчето, и се покажуваат само еден краток момент.
Опис мини|десно|Свиларче Свиларчињата се мали птици, долги 13-14 см, тешки 12-15 грама. Имаат заоблена глава со тенка бледо сива лента што минува над впечатливо црните очи, и кратки заоблени крилја. Богатите костенливи или темноцрвенокафеави бои ги има на крилјата, и на горните делови: главата и грбот. Однапред се светлосиви, на грлото и стомакот. Опашката им е подолга и поширока од повеќето други трскарчиња и грмушарчиња.
Мажјаците и женките се слични. Мажјаците се 26% до 32% потешки од женките. Исто така, мажјаците имаат подолги пердуви на крилјата.
Поведение Живеалиштето на свиларчето се влажните подрачја, вклучувајќи ги барите, езерата, мочуриштата и реките. Тие се хранат со инсекти, помали за полесно да ги свари.
Свиларчето го сигнализира своето присуство со многу гласна, и со висока честота, песна. Пеење на свиларчето на YouTube Преку лето, мажјаците голем дел од времето го минуваат создавајќи ја својата територија, а многу помалку за грижа околу јајцата и пилињата. Откако ќе ја означат територијата, мажјаците обично привлекуваат повеќе од една женка со своето пеење. Песната игра важна улога. Таа е карактеристична и им дозволува на своите видови да се пронајдат и да се спречи меѓувидово парење.
Статус Во Европа има околу 600.000-1.600.000 пара свиларчиња. Популацијата е стабилна и во благ пораст, па затоа според Црвениот список на МСЗП е класифициран како вид со најмала загриженост.
Наводи
RSPB
Надворешни врски
Возраст и пол (PDF; 2.9 MB) од Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Свиларче
Категорија:Трскари Категорија:Птици на Македонија Категорија:Зборови што ги нема во ТРМЈ