Енгелхолм () — град во округот Сконе, Шведска и административен центар на општината Енгелхолм. Населението брои 23.240 жители (2010).
Местото е познато по т.н. „глинени кукавици“, кои претставуваат посебен вид на окарина.
Најважна стопанска гранка е туризмот, поради блиската песочната плажа долга 6 км. Подрачјето е привлечно за едрење, јавање бранови и едрење на даска поради поволните ветришта во заливот Шелдервикен.
Во градот се наоѓа фабриката за сладолед „Engelholms Glass“, со годишно производство од 1,2 милиони литри.
Од особен интерес за посетителите претставува Спомен-музејот на НЛО.
Историја Старото населено место во ова подрачје е Ринестад, споменато околу 1600 г. Новото место е прогласено за град во 1516 г. со повелба од данскиот крал Кристијан II, но со векови останал мошне мал. Со Роскилдскиот мировен договор во 1658 г., Енгелхолм и остатокот од Сканија прешол од данска во шведска сопственост. Местото бележи позначаен раст со индустрализацијата во XIX век. До 1883 г. во него имало касарна, а од 1941 до 2002 г. имало воздухопловна база. Денес базата е напуштена, а во неа е сместен производителот на суперавтомобили Koenigsegg.
Наводи
Надворешни врски
Општина Енгелхолм
Категорија:Градови во Шведска Категорија:Населени места во Шведска Категорија:Сконе (округ) Категорија:Населени места основани во 1516 година