Леополд Кениг (; р. ) — чешки професионален друмски велосипедист, кој последно возел за UCI World Tour екипата .
Кариера Рана кариера
Кениг како дете играл хокеј на мраз, користејќи го неговиот велосипед многу често, а веќе на 14-годишна возраст започнал со друмскиот велосипедизам.Cycling Weekly, Introducing Leopold Konig, 5 септември 2013
НетАп (2011-2014)
upright|мини|лево|Кениг на Вуелта а Еспања 2013
Кениг освоил етапа на Трката околу Британија 2012, а во април 2013 и кралската етапа на Трката околу Калифорнија. Кениг побегнал од бегството со малку членови во последните километри и го достигнал Ханиер Асеведо, поминувајќи го на само 300 метри пред целта.
Меѓутоа, обете победи кулминирале во септември 2013, кога неговата екипа добила покана на Вуелта а Еспања. На самата трка ја освоил планинската етапа 8 откако го достигнал Игор Антон во последните 500 метри.
Кениг го имал својот прв настап на Тур де Франс во 2014 година, завршувајќи седми.
Тим Скај (2015-2016)
Подоцна, потпишал двегодишен договор за да вози со . Кениг го постигнал својот прв подиум за Тим Скај, забележувајќи трето место на Трофео Сера де Трамунтана.http://www.cyclingnews.com/races/trofeo-alcudia-platja-de-muro-2015/results На Џиро д’Италија го преземал улогата на предводник откако предводникот Ричи Порт доживеал огромно губење на време и на крајот се повлекол. На шеснаесеттата етапа, Кениг бил казнет 10 секунди поради држење на автомобили. Кениг бил добар на завршните етапи, но не доволно добар за да обезбеди место меѓу првите пет, завршувајќи на шестото место.
Бора-Хансгрое (2017-2019)
По две години со , Кениг се вратил во својата поранешна екипа - сега позната како – со тригодишен договор. Во првата половина на сезоната 2017, Кениг настапил само на две трки поради повреда.
Достигнувања
2009 6. ГП Кооператива 9. ГП Бока 2010 1. Краен пласман Трка околу Горна Австрија 1. Етапа 1 1. Етапа 3 Трка околу Бугарија 3. Прага-Карлови Вари-Прага 5. Краен пласман Шлаким Гродов Пјастовскич 2011 2. Краен пласман Трка околу Австрија 1. Пласман за млад возач 3. Краен пласман Тур де л’Ен 9. Краен пласман Трка околу Британија 2012 1. Етапа 2 (ТТТ) Сетимана интернационале ди Копи е Бартали 3. Краен пласман Трка околу Јута 6. Краен пласман ГП Кантон Аргау 9. Краен пласман Трка околу Британија 1. Етапа 6 2013 1. Краен пласман Чешка трка 1. Етапа 3 1. Етапа 7 Трка околу Калифорнија 6. Краен пласман Сетимана интернационале ди КОпи е Бартали 9. Краен пласман Вуелта а Еспања 1. Етапа 8 2014 4. Краен пласман Трка околу Баварија 7. Краен пласман Тур де Франс 2015 2. Национално друмско првенство 2. Национално хронометарско првенство 3. Трофео Сера де Трамунтана 3. Краен пласман Џиро дел Трентино 5. Трофео Андрат-Мирадор д’Ес Коломер 6. Краен пласман Џиро д’Италија 8. Краен пласман Трка Абу Даби 10. Краен пласман Трка околу Чешка 1. Етапа 3 2016 1. Етапа 1 (ТТТ) Вуелта а Еспања 1. 20п Национално хронометарско првенство 9. Трофео Поленка-Порт де Андрат 10. Краен пласман Волта а ла Комунитат Валенсијана
Распоред на резултатите на големите трки
Голема трка 2013 2014 2015 2016 201720п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро — — 6 — —20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур — 7 70 — —20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта 9 — — 29 —
СО = се откажал; — не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1987 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Чешки велосипедисти Категорија:Чешки етапни победници на Вуелта а Еспања Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2016 Категорија:Олимписки велосипедисти на Чешка