Обичен трскар () — песнопојна птица, едена од најголемите во своето семејство, распространета низ Евроазија. Ја има и во Македонија.
Опис
Обичниот трскар е со големина на дрозд и е еден од најголемите трскари. Долг е 16-21 см, со распон на крилјата од 25 до 30 см и тежина 22-38 грама.Birds of Kazakhstan. Great Reed Warbler (Acrocephalus arundinaceus) . Birds.kz. Посетено на 2012-08-24.Terry Stevenson, John Fanshawe (2001). Field Guide to the Birds of East Africa: Kenya, Tanzania, Uganda, Rwanda, Burundi, Elsevier Science, ISBN 978-0856610790 Возрасните птици имаат еднобојни кафеави горни делови на телото и бесјајни кремавобели долни делови и брада. Челото му е сплескано, а клунот силен и остар. Наликува на џиновски трскар рогозар (A. scirpaceus), со посилно изразена линија над окото. Половите се исти.
Пеењето му е многу силно и надалеку се слуша. Основната фраза на песната е разговорливо чрчорење и крцкање, на кое му е придодадено и некое свиркање и имитирање, типично за трскарите.
Распространетост и живеалиште
Обичниот трскар (A. arundinaceus) се размножува во Европа и западна умерена Азија. Во последниве децении нивниот број се зголеми околу источниот дел на Балтичкото Море, додека на западниот дел од својот опсег стана поредок. Птица преселница е што зимува во тропска Африка. На север се сели многу доцна, и се случува во зимувалиштата да остане до крајот на април.
Живеалиштето на оваа птица се големите пространства со трска, често и со грмушки. На местата за размножување, тие се територијални. Во зимувалиштата, често се групираат во големи колонии и може да заземат цело поле со трски, без да дозволат на другите видови да влезат во нивната територија. Поведение Како и повеќето трскари, и овој се храни со инсекти, но јаде и друг мал плен, вклучувајќи и ’рбетници, особено полноглавци.
Обичниот трскар лесно се прилагодува и го проширува својот опсег на нови територии, ако му одговара животната средина. Тоа е вообичаена и широко распространета птица која според Црвениот список на МСЗП е класифицирана како вид со најмала загриженост.
Размножување
Женката несе 3-6 јајца во гнездо во облик на кошничка, скриено во трските. Некои парови се моногамни, а други не се. Но, неспарените мажјаци без територија, сепак се татковци на некои младенчиња.
Во долгорочна студија за факторите на успешност кај мажјаците се проучуваат одликите на мажјаците и териториите во релација со годишните и животните успеси во размножувањето. Таа покажува дека редот на пристигнување на мажјакот е најзначаен за негово спарување и одгледување на потомството, како и бројот на преживеани младенчиња. Исто така, од пристигнувањето зависи и квалитетот на територијата која ќе се зафати. Женките ги претпочитаат мажјаците кои рано пристигнуваат и кои зафаќаат поатрактивни територии. Исто така, репертоарот на пеење има влијание на големината на годишниот харем, па според тоа и на бројот на потомците. Репертоарот на песни може да го предвиди бројот на преживеани потомци на мажјакот. Женките се привлечени од мажјаци што имаат побогат репертоар, зашто така младенчињата ќе бидат поиздржливи. На тој начин таа здобива индиректни бенефиции за потомството.Catchpole, C., Leisler, B., Winkler, H. (1984). Polygyny in the great reed warbler, Acrocephalus arundinaceus: possible case of deception. Behavioral Ecology and Sociobiology.Hasselquist, D. (1998). Polygyny in great reed warblers: a long-term study of factors contributing to male fitness. Ecology.
Обичниот трскар има краток, полигиничен циклус на размножување, во кој мажјаците многу малку придонесуваат во одгледувањето на младенчињата. Тие бранат големи територии со трски и намалена видливост, што може да им овозможи да практикуваат измама и да привлечат втора женка за парење. Втората женка веројатно не знае дека мажјакот е веќе спарен со друга. Успехот на втората женка во однос на потомството е многу помал.Hasselquist, D., Bensch, S. (1991). Territory infidelity in the polygynous great reed warbler Acrocephalus arundinaceus: the effect of variation in territory attractiveness. Journal of Animal Ecology.Hasselquist, D., Bensch, S., von Schantz, T. (1995). Low frequency of extrapair paternity in the polygynous great reed warbler, Acrocephalus arundinaceus. Behavioral Ecology.
Полигинијата на мажјаците е проучувана и во друга студија, каде се покажа важноста на изборот од страна на женките. Разликите во одликите на зафатените територии, се чини дека се најважни. Односно, цврста е врската меѓу мажјакот и одликите на неговата територија.
Наводи
Надворешни врски
Возраст и пол (PDF; 1.9 MB) од Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze Обичен трскар (Acrocephalus arundinaceus)
Категорија:Трскари Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј