Градинарската стрнарка или градинарската овесарка () е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од семејството на зебите Fringillidae. Распространета е речиси низ цела Европа и западна Азија, вклучувајќи ја и Македонија. Таа е птица преселница која зимува во тропска Африка. Опис
Градинарската стрнарка е долга 16 см и тежи 20-25 грама, а по надворешен изглед личи на жолтогрлата стрнарка, но ѝ недостасува светлата обоеност. На пример, главата на градинарската е зеленикавосива, немасто светложолта. Песната е слична, монотоно чрчорење.
Поведение Живеалиштето на оваа птица се нивите, ораниците, полињата со пченка и сл. Живее и во лозовите насади, но не се храни со грозје.
Гнездото го сместува на земја или во грмушка близу до земја, а јајцата се прошарани со линии слични на влакненца. Обично се храни со семиња, но додека ги храни младенчињата се храни со инсекти.
Гастрономија Во Франција, оваа птица се смета за специјалитет. Еден начин за брзо гоење на птицата е со затворање во темна кутија со просо, што ја принудува да се храни постојано.
Ритуалот на јадење, пак, бил да ја покријат главата и лицето со голема салфетка и на тој начин да се почувствува полниот вкус и мирис на храната.Урбан лов
Исто така, во 1996 година, прошталната вечера на Франсоа Митеран содржела специјално подготвена ваква птица.
Ловот на градинарската стрнарка е забранет во Франција 1999 година, но законот слабо се применувал и се смета дека околу 50.000 птици биле убиени секоја година. Во 2007 година, под притисок на Француската лига за заштита на птиците и Европската унија, француската влада вети дека ќе се спроведе директивата на ЕУ за заштита на оваа птица.Roasted songbird banned in France from MSNBC.com
Наводи
Надворешни врски
Oiseaux Фотографии, текст и мапа Возраст и пол (PDF; 1.6 MB) од Javier Blasco-Zumeta and Gerd-Michael Heinze
Категорија:Стрнарки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј