мини|десно|Карта на течението на Јукон мини|десно|Мостот на Јукон во Кармакс
Јукон () — голема река во северозападниот дел на Северна Америка. Извира во Британска Колумбија, Канада, па продолжува во територијата Јукон, која е наречена по неа. Долната половина од течението се наоѓа во сојузната држава Алјаска (САД). Долга е 3.190 км и на крајот се влева во Беринговото Море во делтата Јукон-Кускоквим. Просечниот истек изнесува 6.430 м³/с, а сливот зафаќа вкупна површина од 832.700 км², од кои 323.800 км² се во Канада (за 25% поголем од Тексас или Алберта).
Ова е најдолгата река во Алјаска и Јукон и важна сообраќајница за време на златната треска на Клондајк (1896–1903). Дел од течението (наречен „Триесет Милји“) е прогласен за национално богатство како единица на Меѓународниот историски парк на Златната треска на Клондајк.Триесет Милји (Јукон) — Систем на реки-национално богатство Меѓународен историски парк на Златната треска на Клондајк По реката се движеле паробродови сè до отворањето на главниот автопат во 1950-тите.
Името Јукон доаѓа од гвичинскиот јазик и значи „Голема Река“. На среднојупички се нарекува Кујгпак, со исто значење.
Вкупно 70 племиња од Алјаска и Канада имаат посебен Меѓуплеменски совет на Јуконскиот слив кој има за цел да се бори за враќање на чистината и питкоста на водата.
Течение
Се смета дека извор на Јукон е ледникот Левелин на јужниот крај на езерото Атлин во Британска Колумбија. Постојат и мислења дека изворот е езерото Линдеман на северниот крај Чилкутскиот Пат. Во секој случај, водата од езерото Атлин се влева во езерото Тагиш (преку реката Атлин), како и водата од езерото Линдеман, откако ќе прво се преточи во езерото Бенет. Потоа водата од езерото Тагиш преоѓа во езерото Марш (преку реката Тагиш). Самата река Јукон почнува од северниот крај на езерото Марш, веднаш јужно од градот Вајтхорс. Северно од Вајтхорс, Јукон се проширува и навлегува во езерото Лаберж, познато од поемата „Кремирањето на Сем Мекги“ на Роберт В. Сервис. Други поголеми езера во Јуконскиот слив се Кусава (во реката Такхини) и Клуејн (во Клуејн, па реката Вајт).
Реката минува низ Вајтхорс, Кармакс, (пред слаповите Фајв Фингерс) и Досон во Јукон, па преминува во Алјаска, каде тече низ Игл, Серкл, Форт Јукон, Стивенс Вилиџ, Рампарт, Танана, Руби, Галина, Нулато, Грејлинг, Холи Крос, Рашан Мишон, Маршал, Пајлот Стејшон, Сент Мерис и Маунтин Вилиџ. По ова, коритото се разделува на голем број помали канали и се раширува во делтата. Тука има повеќе села како Нунам Иква, Алаканук, Емонак и Котлик, од кои најголемо е Емонак, со 760 жители (2000).
Притоки Поважни десни притоки на Јукон се: Тиислин, Биг Селмон, Литл Селмон, Пели, Стюарт, Клондајк, Поркјупајн, Надвизик, Тозитна, Милозитна, Чандалар, Којукук, Нулато, Атчуилингук, Андреевски.
Поважни леви притоки на Јукон се: Вајт, Чарли, Берч, Бивер, Танана, Јуки, Новитна, Иноко, Реиндир.
Поврзано Јукон Список на реки во Канада Список на реки во Алјаска Лосос Црна смрча
Наводи
Надворешни врски
Историја на реката Јукон — Канадски совет за географско образование Меѓуплеменски совет на Јуконскиот слив Здружение на стопанските риболовци во Јуконскиот слив Мостот на Јукон во Досон
Категорија:Реки во Алјаска Категорија:Реки во Јукон Категорија:Реки во Британска Колумбија Категорија:Реки во Канада Категорија:Реки во САД Категорија:Реки во Северна Америка Категорија:Слив на Беринговото Море Категорија:Меѓународни реки во Северна Америка