Тиса () — дрвенест зимзелен вид на четинари од родот тиса. Природниот ареал на распространетост ги опфаќа западна, средна и јужна Европа, северозападна Африка и југозападна Азија до северен Иран.Rushforth K. (1999). Trees of Britain and Europe. Во Србија се среќава на Златибор, Копаоник, во Ѓердапската клисура. Поради занмливата форма на круната и долговечноста, тиса е дел од фолклорот на различни народи, како и нивната народна медицина. Во парковите широко се одгледува и може да расте во многу различни услови - во сенка и на многу отворени положби, на длабока и богата, но и на плитка и сиромашна почва.
Во Македонија расте по планинските шуми и речните водотеци на многу места, меѓутоа не е многу честа. Се развива на Шар Планина, Дешат, Бистра, потоа Беласица, Демир Капија и Кожуф. Видена е на Галичица, Јабланица, Караџица, Јакупица, Пелистер, Дудица и Ниџе.Кирил Мицевски: Флора на СР Македонија, том 1, св. 1, стр. 85, МАНУ, Скопје, 1985 лево|мини| Стебло на тиса лево|мини| Европска тиса во форма на грмушка мини
Опис Европската тиса по форма е грмушка до средна високо дрво, високо до 20 см. Нејзиното стебло е со неправилна форма, до 1 во пречник, со широка пирамидална круна. Кората е тенка, има црвено-кафеава боја. Иглолистите (листовит) се распоредени во форма на чешел по гранките, а на врвот нагло се зашилени, долги до 3 и широки до 2,5, сплоснати. Тиса е голосеменка, па поради тоа нема цветови и плодови. Тиса е дводомно растениеДводомни растенија се оние кои имаат исклучиво еднополни сцветови, но машките се наоѓаат на едно, а женските на друго растение., при размножување користи еднополови шишарки. Семето е сјајно, со темно кафеава боја, опкружено со силно црвен арилус. Со исклучок на арилусот, целото растение содржи алкалоиден таксин, кој е исклучително отровен.Šilić Č. 1990. „Atlas drveća i grmlja” (IV izdanje). стр. 31. Расте бавно и претставува долговечен вид, може да доживее 2.000-4.000 години.
Дрвото од тиса е тврдо, цврстопати и еластично. Тешко се дели, но површината многу добро се обработува. Најчесто се користи во уметничкото столарство и резбарење, за столбови, изработка на дрвени садови и прибор за јадење. Некогаш неговото дрво се користело за бродоградба и за изработка на чешми на буриња. Се смета дека масовното сечење и употребата на тисата, како и народните верувања во нејзината заштитна моќ, речиси придонеле за нејзиното истребување. Денес тисата е законски заштитен вид.
Народното верување вели дека тисата штити од лошите духови, па на местата каде што растела, луѓето го шиеле нејзиното дрво во облека или го носеле обесено околу вратот во фрма на крстенце. Од тисиното дрво изработувале употребни (лажици и стапчиња) и украсни (ѓердани) предмети. Магичната моќ на тисата се објаснувала со нејзината долговечност.
Наводи
Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Дендрологија Категорија:Незагрозени видови според МСЗП Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Тиси Категорија:Растенија за бонсаи Категорија:Флора на Европа Категорија:Растителни таксони опишани од Карл Линеј Категорија:Украсни дрва Категорија:Флора на Македонија