Галичката Пештера претставува една од најубавите пештери во Македонија сместена на падините на планината Орле на само 10 километри источно од брегот на Тиквешкото Езеро.Галичката пештера крај Тиквешко Езеро најубава во земјава

Пештерата ја откриле членови на ПСД Орле од Кавадарци во 90тите години на XX век. Таа долго време се дрела во тајност, за да не ја уништат квазиавантуристи и диви копачи на злато. На покана на клубот од Кавадарци во пештерата дошло друштво од Ница, Франција кои утврдиле дека пештерата била стара околу 5 милиони години. Галичката Пештера крие многу редок феномен, а тоа се десетте бисери што ги откриле во пештерата. Пештерата е со должина околу 120 метри, а само влезот има должина од петнаесетина метри. Богата е со сталагмити и сталактити. Настанала од јаки порои. Некогаш во неа имало две езера, а едното од нив денеска е пресушено. Биле забележани лилјаци и еден многу редок вид ледена мравка.

Наводи

Категорија:Пештери во Македонија