Големата стрнарка () е врапчевидна птица овесарка од семејството на стрнарките Emberizidae, група, која современите авторитети ја издвоија од семејството на зебите Fringillidae. Обично е сместена во родот Emberiza, но некои таксономисти ја сместуваат во монотипичнот род Miliaria. Се размножува низ јужна и централна Европа, северна Африка и во Азија до Казахстан. Ја има и во Македонија. Претежно е постојан жител преку целата година, но птиците од постудените краишта на Средна Европа и Азија се селат понајуг зиме.
Опис Големата стрнарка е необична по тоа што половите се исти во изгледот, освен што мажјаците се околу 20% поголеми, што не е одлика на стрнарките каде е изразен половиот диморфизам. Долги се 16-19 см. Мажјаците немаат карактеристични обоени глави. Двата пола наликуваат на чучурлиги, со избразденошарени сивокафеави горни делови, и белкави долни делови, исто така, со линии.
Пеењето на мажјакот е повторлив метален звук, сличен на ѕвечкање на клучеви, обично качен на некоја грмушка или телефонски жици.
Поведение
Живеалиштето на големата стрнарка е отворената земја со дрвја, обработливото земјиште и напуштените ниви. Нејзиниот број многу се намалува во северозападна Европа поради интензивните земјоделски практики и одземање на неговата потреба од снабдување со храна од плевелот, семиња и нсекти, вториве особено значајни при исхраната на младенчињата. Оваа птица неодамна изумре во Ирска, каде претходно била вообичаена.
Размножување
Во сезоната на парење мажјакот ја брани својата територија и може да биде полигиничен, со над три женки. Кај нивната популација, половиот сооднос е генерално 1:1, што значи дека некои мажјаци остануваат без женки во текот на една сезона. Мажјаците играат мала улога во родителската грижа, тие не се вклучени во градењето на гнездото или инкубацијата и само ги хранат пилињата кога тие се веќе потпораснати.
Гнездото е направено од трева, обрабено со влакна или потенки тревки, и обично е сместено на земја. Леглото во просек има 4 јајца, обично од 3 до 5, само понекогаш 6.
Статус Во Европа, бројот на големата стрнарка е 7,9-22.000.000 пара, што е еквивалентно на 23,7-66.000.000 поединци (BirdLife International 2004). Европа сочинува 50-74% од глобалниот опсег, така што, многу приближна оценка на глобалната популација е 32-132.000.000 поединци. Поради големата популација и широкиот опсег, иако бројот е во благо опаѓање, според Црвениот список на МСЗП класифициран е како вид со најмала загриженост. Во Англија, владината еколошка организација Природна Англија нуди грантови за спроведување мерки за да се зачува овој вид.Natural England Environmental Stewardship Scheme webpages
Наводи
Надворешни врски
BBC статија за голема стрнарка со видео ARKive Видео. Oiseaux Фотографии Возраст и пол (PDF; 1.6 MB) од Javier Blasco-Zumeta and Gerd-Michael Heinze
Категорија:Стрнарки Категорија:Птици на Македонија Категорија:Животински таксони опишани од Карл Линеј