Пјеро Скаруфи () (, ) — научник, музички критичар и историчар на уметност со италијанско потекло. Завршил високо образование по математика на универзитетот во Торино (1982), а подоцна предавал на универзитетите Харвард и Стенфорд. Има објавено книги кои ја истражуваат историјата на популарната музика, поточно рок и џез правците. Најпознато дело му е A History of Rock Music (2003), во која се следи развојот на рок-музиката во времетраење од 50 години.

Наводи

Надворешни врски Официјално мрежно место Статија за Пјеро Скаруфи во Њујорк Тајмс Профил на Скаруфи на порталот на универзитетот Станфорд

Категорија:Музички новинари Категорија:Музички критичари Категорија:Американци со италијанско потекло