мини|десно|250п|Природната распространетост на кокосот (обрабен со црвено) мини|десно|Зелени кокосови ореви thumb|left|Багажникот од кокос Кокосова палма или само кокос () — дрво од то на палмите (Arecaceae) и единствениот од от кокос (Cocos).Кокос — Кралски ботанички градини, Кју Поимот „кокос“ може да се однесува како на нејзиниот плод, така и на целата палма. Поимот потекнува од португалски и шпански збор од XV век coco, што значи „глава“ или „череп“, поради трите дупки на оревот што личат на човечко лице.
Расте низ тропските и суптропските краишта и има многу намени во домаќинството, занаетчиството и индустриското стопанство. Кокосовиот орев дава кокосова вода и ќумур од лушпата и влакна од надворешната кошулка. Месото се користи во готвењето, во свеж облик или суво (копра). Од внатрешноста се добива и масло и млеко, кои исто така наоѓаат широка примена во кулинарството и козметиката.
Опис
Кокосовата палма расте до висина од 30 м и има пересто зеленило со должина од 4-6 м, а поединечните листови се долги 60–90 см. Кога ќе се исушат, паѓаат целосно, и стеблото останува мазно. Постојат два типа: високи и џуџести.T. Pradeepkumar, B. Sumajyothibhaskar, and K.N. Satheesan. (2008). Management of Horticultural Crops (Horticulture Science Series Vol.11, 2nd of 2 Parts). New India Publishing. pp. 539–587. ISBN 978-81-89422-49-3. На мошне плодно земјиште, палмата дава до 75 ореви годишно, но најчесто од секое дрво се добиваат највеќе 30 поради несоодветната земјоделска практика.Grimwood 1975, стр. 18. Во последно време приносите се поголеми благодарение на напредокот во тениката на одгледување.Sarian, Zac B. (18 август 2010). New coconut yields high . The Manila Bulletin. Ravi, Rajesh. (March 16, 2009). Rise in coconut yield, farming area put India on top. The Financial Express. Дрвото е еднодомно, што значи дека има и машки и женски цветови.Thampan, P.K. (1981). Handbook on Coconut Palm. Oxford & IBH Publishing Co. Женскиот е многу поголем од машкиот. Цветањето се одвива непрекинато преку целата година.
Плод Кокосовиот орев е јаткаст плод (не оревест) со три слоја: надворешен, среден и внатрешен (егзокарп, мезокарп и перикарп). Надворешниот и средниот ја сочинуваат „кошулката“ која се отстранува пред да оди на пазарот во нетропските земји. Средниот дел е составен од кокосово влакно (коир) кое наоѓа разни примени. Лушпата има три „устиња“ за ’ртење во облик на потемни крукчиња.
Зрелиот кокосов орев тежи околу 1,44 кг. Еден тон копра се добива од 6.000 зрели кокоси.Bourke, R. Michael and Tracy Harwood (Eds.). (2009). Food and Agriculture in Papua New Guinea. Australian National University. стр 327. ISBN 978-1-921536-60-1.
Потекло и распространетост
Потекло Потеклото на кокосовото дрво не е сосем утврдено.Grimwood, Brian E., F. Ashman, D.A.V. Dendy, C.G. Jarman, E.C.S. Little, and W.H. Timmins. (1975). Coconut Palm Products – Their processing in developing countries. Rome: FAO. pp. 3–4. ISBN 978-92-5-100853-9.Perera, Lalith, Suriya A.C.N. Perera, Champa K. Bandaranayake and Hugh C. Harries. (2009). "Chapter 12 – Coconut". In Johann Vollmann and Istvan Rajcan (Eds.). Oil Crops. Springer. стр. 370–372. ISBN 978-0-387-77593-7.Jackson, Eric. (August 20 - September 2, 2006). From whence come coconuts? . The Panama News (Volume 12, Number 16). Retrieved April 10, 2011. Едни тврдат дека тоа се краиштата околу Меланезија и Малезија, или пак околу Индискиот Океан, а други пак сметаат дека потекнува од северозападна Јужна Америка.
Природна распространетост мини|десно|Мелен кокос (копра) во вреќичка мини|десно|Кокос како ’рти на плажа на Хавајските Острови Кокосовата палма расте на песоклива почва и голема отпорност на сол. Претпочита и места со многу сонце и обилни врнежи (1500-2500 мм годишно), па затоа е толку честа по бреговите во тропските предели.Cocos nucifera (coconut) (version 2.1). In C.R. Elevitch (Ed.). Species Profiles for Pacific Island Agroforestry. Hōlualoa, Hawai‘i: Permanent Agriculture Resources (PAR). Дрвото бара и доста влага (70–80%+) за да расте правилно, и затоа не вирее на топли, но суви места. Не трпи студ и најдобро успева при средна годишна температура од 27 °C. Растот забележително се намалува под 21 °C.
Одгледување Најголеми производители во 2010 г. Земја Производство(тони) 19.500.000 15,540.000 10.824.100 2.759.044 2.200.000 1.721.640 1.246.400 1.086.000 677.000 555.120 370.000Вкупно 54.716.444Извор: ФАО
Кокосовите палми се одгледуваат во преку 80 земји во светот, произведувајќи 61 милиони тони кокосови ореви годишно.Производство на земјоделски култури за 2010 г. — ФАО Дрвата многу тешко успеваат во сува клима и не растат без обилно наводнување.
Во некои делови од светот (Тајланд и Малезија) приносот го берат дресирани свињоопашести макаки.Bertrand, Mireille. (27 јануари 1967). Training without Reward: Traditional Training of Pig-tailed Macaques as Coconut Harvesters. Science 155 (3761): 484–486.
Во кулинарството Кокосот служи за исхрана во разни делови на светот. Оревот дава масло за јадење, готвење и маргарин. Белата внатрешност (месото) се става во манџи сушена или свежа, како и при изработката на кондиторски производи и чоколади.
Копра
Копрата е исушено кокосово месо од внатрешноста на оревот. Откако ќе се обработи, од неа се добива кокосово масло и мелен кокос. Маслото се користи за готвење и во козметиката.
Во верските обреди Оревите на кокосот се важен дел од обредите во хиндуизмот. Често се украсуваат со шарени алуфолии за среќа и бериќет и се подаваат како дар за богот. Пред да почне некоја работа или потфат, верникот крши кокосов орев за да добие благослов од боговите и да му тргне работата. Божицата на благосостојбата и богатството Лакшми се прикажува како држи кокосов орев.Dallapiccola, Anna. Dictionary of Hindu Lore and Legend. ISBN 0-500-51088-1.
Кокосот како тема во уметноста и во популарната култура „резигниран кокос“ - кус расказ на македонскиот писател Хигсов Бозон од 2011 година.Хигсов Бозон, Педерски Катахрезис, Темплум, Скопје, 2011.
Поврзано Кокосова вода Кокосово млеко Кокосов крем Кокосови Острови
Наводи
Надворешни врски
Кокос — „Кулинар“ Предностите на кокосот Кокосот во животот на жителите на Шри Ланка И кокосот е здрав Научноистражувачки центар за кокос Растителни култури: ботаника, историја и примена на кокосот
Категорија:Палми Категорија:Тропско земјоделство Категорија:Украсни дрва Категорија:Јадливи оревести плодови и семки Категорија:Маслодајни растенија Категорија:Влакнодајни растенија Категорија:Растенија опишани во 1753 година Категорија:Халофити Категорија:Лековити растенија Категорија:Овошни дрва Категорија:Растителни вапсила Категорија:Тропско овошје