Големо Штехлинско Езеро или едноставно Езеро Штехлин () е езеро во округот Горен Хафел, во сојузната покраина Бранденбург, Германија. Дејствието на последниот роман на Теодор Фонтане, Штехлин, се одвива во близина на езерото.
Езерото има максимална длабочина од 69,5 метри, што го прави едно од најдлабоките езера во покраината Бранденбург. Исто така, тоа е едно од најчистите езера, со досег на погледот до 11 метри длабочина (просечно 6 метри). Водата во езерото е во можност да се пие. Во негова близина се наоѓа седиштето на Институтот Лајбниц за екологија и речно рибарство.http://www.igb-berlin.de/
Наводи
Надворешни врски Езеро Штехлин
Категорија:Езера во Бранденбург Категорија:Горен Хафел