Грамаѓе или Зад Задел — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Кочиште. Претставува населба и некропола од доцноантичко време. Се наоѓа на 300–500 м јужно од селото, на простор од 150 × 100 м, во ниви на локални мештани, каде се откриени ѕидови од објекти градени од кршен камен и варов малтер. По површината на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови, а откриени се и гробови со конструкција од камени плочи, во кои биле најдени белезици од стаклена паста.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Манастириште — сакрален објект од доцноантичко време; Ќерамидница — населба од доцноантичко време; Кочиште; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Кочиште