Во старогрчката митологија, Морос (), е персонификација на несреќата, проклетството, кој ги носи смртниците до нивната неизбежна судбина - смртта.
Според Хесиод, кога титанот Крон го осакатил својот татко Уран, и му ја презел власта, Никта многу се разлутила и од бес го родила, по пат на партеногенеза Морос и неговите браќа и сестри: Мом (вината, критиката), Танат (смртта), Хипнос (сонот), Харон, Онеирите (сништата), Хесперидите (вечерите), Керите (насилната смрт), Мојрите (судбината), Немезида (одмаздата), Апата (измамата), Филота (дружењето, нежноста), Герас (староста) и Ерида (караницата, раздорот)Хесиод „Теогонија“.
Наводи
Категорија:Старогрчка митологија Категорија:Старогрчки богови