Алес (, ) — мало гратче во покраината Ористано на островот Сардинија во Средоземното Море. Сместено е на источните падини на планината Арчи и брои околу 1.600 жители. Во близината се ископува опсидијан, што претставува единственото наоѓалиште на овој минерал на островот.

Заедно со Тералба, местото ја сочинува Алешко-тералпската епархија, со седиште во катедралата „Св. Петар и Павле“, која е воедно и најголемата знаменитост во гратчето.

Најблизок меѓународена аеродром е оној во Каљари, на растојание од 70 км.

Алес е родно место на Антонио Грамши (1891-1937) — истакнат марксистички мислител, деец и основач КПИ.

Маала Местото има повеќе маала:

Албаџара Вила Верде Гоносно Марубиу Куркурис Моргонџори Палмас Арбореја Пау Санта Џуста Узелус

Поврзано Алес (Франција)

Наводи

Надворешни врски

Општински портал н а Алес Туристички водич низ Алес

Категорија:Градови во Сардинија