Ефимија (Евфема), () во старогрчката митологија било име на повеќе личности. Името значи „религиозна смиреност“.Роберт Гревс, 1995, Грчки митови, 6 издание, Нолит, Белград.

Митологија Била ќерка на Хефест и Аглаја, персонификација на речитоста, (елоквенцијата). Таа била дух или демон на добрите зборови, одобрувањето (акламацијата), пофалбите, аплаузите и извиците на триумф. Нејзина спротивност бил Мом (критиката). Со своите сестри Евклеја, Евтенија и Филофросина најверојатно ја сочинувале групата помлади Харити, односно Грации.Ефимија Ефимија била нимфа од планината Хеликон во Беотија, веројатно ќерка на речниот бог Термес. Таа ги одгледала музите, а според некои извори и малиот Зевс.Карло Парада, 1997, Генеолошки водич во старогрчката митологија Неа ја сакал Пан и со него го имала синот Крот, кој им бил придружник на музите. Оваа нимфа, чие име означувало и добар говорник, најверојатно била најада од хеликонските извори, за кои се верувало дека имаат вода што ги инспирира поетите. Можеби била идентификувана со Аганипа.Ефимија на Теои проектот За неа пишувале Хигин и Павзаниј. Според Хигин, Ефимија била една од Данаидите, мажена за Хипербие.Данаиди

Поврзано Ефимија — Јупитерова месечина наречена во чест на митската личност

Наводи

Категорија:Старогрчки митски суштества