Љу Јендунг (, ; р. ноември 1945) — вицепремиер на Кина и член на Политбирото на Комунистичката партија на Кина, поранешен член на Државниот совет. Со пензионирањето на Ву Ји, Љу станала највисокорангирана жена во партијата и една од вкупно две жени во Политбирото.Кинеската политичарка Љу Јендунг како носител на надежта и стравувањата на современиот феминизам — The Guardian
Младост и образование Родена е во градот Нантунг во покраината Ѓангсу и дипломирала хемија на универзитетот „Цингхуа“ во 1970 г. Во 2009 г. добила почесен докторат по правни науки од универзитетот во Стоуни Брук во САД.
Политичка кариера Влегла во политиката со ангажман во Сојузот на комунистичката младина. Од 2002 до 2007 г. била на функцијата Началник на Обединетиот фронт — организација за усогласување на останатите партии во Кина со државната политика на КПК. Како долгогодишен соработник на тогашниот претседател Ху Ѓинтао, во 2007 г. стапила во XVII Политбиро на Комунистичката партија на Кина. На Националното народно собрание во 2008 г. е избрана за член на Државниот совет.
На XVIII Собрание во 2012 г. е избрана за член на XVIII Политбиро на КПК. Во 2013 г. на пленарната седница на XII Собрание е назначена за вицепремиер во кабинетот на Ли Кеќанг.
Поврзано Државен совет на Кина
Наводи
Надворешни врски Профил на Љу Јендунг — Синхуа Биографија на Љу Јендунг — Синхуа
Категорија:Кинески политичари Категорија:Вицепремиери на Кина Категорија:Кинески хемичари Категорија:Родени во 1945 година Категорија:Луѓе од Нантунг Категорија:Живи луѓе