мини|Седиштето на Министерствто за финансии на Кина Министерство за финансии (, ) — министерство на владата на НР Кина што се занимава со макроекономската политика на земјата и нејзиниот буџет. Раководи и со фискалната политика, економските регулативи и државните расходи.

Министерството води евиденција и издава годишни податоци за економијата, вклучувајќи ги досегашните стапки на економски раст, државниот долг и зајмувањето како и многу други показатели.

Делокругот на министерството е помал од оној на неговите пандани во други земји. Со макроекономските работи раководи главно Националната комисија за развој и реформи, државниот сектор од стопанството е во надлежност на Комисијата за надзор и управување со државна сопственост, а посстојат посебни регулаторни тела за банкарството, осигурувањето и хартии од вредност. Покрај ова, министерството не се занимава со регулација на пазарите на пари и каматните стапки. Со нив, и со сета останата монетарна политика, се занимава Народната банка на Кина. Овие установи имаат еднаков статус со министерството, и нивните раководители исто така членуваат во Државниот совет.Главни должности на Министерството за финансии

Поврзано Народна банка на Кина Државен совет на Кина

Наводи

Надворешни врски Министер за финансии

Финансии Кина Категорија:Економија на Кина