Градиште — археолошко наоѓалиште во демирхисарското село Големо Илино. Претставува населба од хеленистичко и доцноантичко време. Се наоѓа на 1,2 км североисточно од селото, на висок рид што се издига над Илинска Река. На површината се гледаат остатоци од одбранбен ѕид - бедем, а во оградениот простор има фрагменти од доцноримски керамички садови, питоси и множество градежен материјал. Најдени се и повеќе монети од IV-VI век (Константин I, Јустинијан I), како и предримски монети од Александар III Македонски, ковани во Пела. Монетите се чуваат во Заводот и музеј во Битола.Коцо, Димче (1996). „Археолошка карта на Република Македонија“. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Висои — доцноантичка некропола; Присои — населба и некропола од доцноантичко време; Старо Село — населба од средниот век; Св. Петка — црква и некропола од средниот век; Големо Илино; Список на археолошки наоѓалишта во Демирхисарско;
Наводи
Категорија:Големо Илино