мини|десно|Реката Каракаш по патот од Тибет за Синѓанг Кунлун (, ; ; ; ) — еден од најдолгите планински венци во Азија, со распон од 3.000 км. Во најширока смисла, ја бразува северната граница на Тибетската Висорамнина јужно од Таримската Котлина и коридорот Хесји, па продолжува источно од реката Веј, сè до крајот на Севернокинеската Низина.
Кај постарите извориL. Richard, 'Comprehensive Geography of the Chinese Empire', 1905 Кунлун е планинскиот појас што се протега низ средината на Кина Алтинтаг, самиот Кунлун во потесна смисла и венците Чилиен и Чин. Во поново времеNational Geographic Atlas of China,2008 се смета дека Кунлун ја сочинува јужната страна на Таримската Котлина и потоа продолжува на исток, јужно од Алтинтаг. Историчарот Сема ЌенСема Ќен, Записи на историчарот, свијок 123 вели дека царот Хан Вуди (II и I век п.н.е.) испратил извидници за да го пронајдат изворот на Жолтата Река (Хоангхо) и таа планина ја нарекол Кунлун. Името веројатно потекнува од истоименото полумитско место во древното класично дело „Шанхај Ѓинг“ („Книга на планините и морињата“).
Географска положба Планините почнуваат од Памир во Таџикистан, па на исток, долж границата помеѓу автономните региони Синѓанг и Тибет, па до кинеско-тибетските венци во покраината Ќингхај.Кунлун — Енциклопедија „Британика“ Се протегаат по јужната граница на Таримската Котлина, кај пустините Такла Макан и Гоби. Од нив истекуваат повеќе важни реки, како што се Каракаш и Јурункаш, кои минуваат низ оазата Хотан и навлегуваат во Такла Макан.
Најабележителни планини во северниот дел се врвовите на Алтинтаг. Источниот дел е сочинет од планините со збирен назив Чилиен. Главен крај во јужниот дел е планината Мин. Во ова подрачје, кракот Бајан Хар ја образува вододелницата на сливовите на двете најдолги реки во Кина — Јангцекјанг и Хоангхо.
Највисока планина на Кунлун е Кунлунската Божица или Лиуше (7.167 м) во областа Керија. Во средиштето се наоѓа венецот Аркатаг, чија највисока планина е Улуг Мустаг.
Венецот е создаден на северниот раб на Кимерскаа Плоча, при нејзиното судрување со сибирското копно во доцниот тријас.
Во сета должина од 3.000 км, Кунлун го преминуваат само два пата — автопатот 219 од Јеченг за Лаце, Тибет. и автопатот 109 од Ласа за Голмуд.
Митологија Според верувањата на таоизмот, на Кунлун се наоѓа рајот. Него прво го посетил кралот Му (976-922 п.н.е.) од династијата , каде го открил жадовиот дворец на Жолтиот Цар (Хуангди) — родоначалник на Кинезите. Во истото патување ја сретнал и култната божица Си Вангму („Кралицата-мајка на Западот“).
Поврзано Тибетска Висорамнина
Наводи
Надворешни врски
Информативен центар за Тибет
Кунлун на портал за кинеската култура
Категорија:Планински венци во Кина Категорија:Географија на Тибет Категорија:Синѓанг Категорија:Ќингхај