Далгов-Дебериц () — општина во округот Хафеланд, во Бранденбург, Германија.

Географија

Се состои од селата Далгов-Дебериц, Рорбек и Зебург. На исток се граничи со округот Шпандау на Берлин. Соседни општини се Фалкензе на север и Вустермарк на запад. На југ се наоѓа поранешниот голем воен полигон Деберицер Хајде, сега главно природен резерват управуван од фондацијата Хајнц Зилман.

Историја

Царската германска војска основала воен полигон во 1894 околу историското село Дебериц, кое било напуштено од неговите жители.

Во текот на Летните олимписки игри 1936 во соседниот Берлин, општината била домаќин на дел од дисциплините во современиот петобој и коњичките спортови.Официјален извештај од Летните олимписки игри 1936. Volume 2. pp. 830, 894.

Помеѓу 1945 и 1951, Далгов имал улога на граничен премин за автомобили помеѓу советската окупациска зона (до 1949, потоа Источна Германија) и британската окупациска зона (до 1949) и потоа со Западна Германија или поточно со Западен Берлин. Сообраќајот бил предмет на одредбите од Меѓузонскиот сообраќај. Откако преминот го презела источногерманската полиција преминот бил поместен кон исток.

Општината се граничела со поранешниот Западен Берлин, поради што во периодото 1961-1990 била одвоена од него со Берлинскиот ѕид.

Филмот „Бранот“ од 2008 бил снимен во гимназијата Марија Кири во општината.

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница

Категорија:Летни олимписки игри 1936 Категорија:Хафеланд