Сајма () — езеро во југоисточна Финска. Со површина од околу 4.400 км², ова е најголемото езеро во земјата и четврто природно езеро по големина во Европа. Настанало со топење на ледник во ледено време. Поважни населени места на бреговите се Лапенранта, Иматра, Савонлина, Микели, Варкаус и Јоенсу. Од него истекува реката Вуокса и се влева во езерото Ладога. Поради големиот број на острови и тесни канали, езерото е расцепкано на многу делови — секој со свое име. Поголеми се Сур-Сајма, Оривеси, Пурувеси, Хаукивеси, Јевеси, Пихлајавеси и Пихеселк.

Поради ваквата топографија на сливот (поголем од самото езеро), Сајма има надолга брежна линија по единица површина во светот — цели 15.000 км, а подрачјето има околу 14.000 островчиња

Езерото е поврзано со Финскиот Залив преку Сајменскиот Канал, кој се протега од Лапенранта до Виборг. Има и канали до други помали езера во источна Финска, образувајќи мрежа од водни патишта. По нив сообраќаат претежно товарни пловила што носат дрво, минерална, метална руда, дрвна маса за хартија и други стоки, но ставени се и во туристички цели.

Во Сајма живее загрозената сајменска фока (Pusa hispida saimensis), која е ендемски подвид на прстенеста фока. Друг загрозен вид што живее само во ова езеро е сајменскиот лосос.

Се смета дека на бреговите на Сајма езерото настанала азбестна керамика што се изработувала од 1900 г. п.н.е. до 200 г. н.е. поради богатите и лесно достапни наоѓалишта на азбест.

Поврзано Список на езера во Финска

Наводи

Надворешни врски

Сајма — имиња и граници Сајма — срцето на финскиот езерски крај — портал „Оваа Финска“ Сајма — добитник на наградата „EDEN“ за нетрадиционални туристички одредишта за 2010 г.

Категорија:Езера во Финска Категорија:Невски слив