Ситестата коска (Os ethmoidale) наликува на терезија и ја ограничува предната черепна јама. На неа се разликуваат: Вертикален лист Водорамен дел Бочни маси (лабиринти)

Вертикален лист Со помош на хоризонталниот е поделен на два дела:горниот,покус дел наликува на кикиришка од петел (crista galli) и долен дел кој влегува во состав на носната преграда.

Водорамен дел Наликува на ситеста плочка (lamina cribrosa) во која има бројни отвори за прием на влакната од мирисниот нерв. Ситестата плочка учествува во градбата на покривот од носната празнина.

Бочни маси (лабиринти) Се наоѓаат меѓу орбитата и носната празнина бочно од водорамниот лист. Внатрешноста на лабринтите е поделена на бројни шуплини означени како етмоидални синуси (sinus ethmoidalis). На внатрешната страна се наоѓаат две носни школки, горна и средна кои ограничуваат два носни ходника горен и среден.

Категорија:Анатомија Категорија:Коски