Голенберг () — општина во округот Хафеланд, во Бранденбург, Германија. Општината е составена од Шенхолц-Нојвердер, Штелн и Оневиц.
Историја
Општината е именувана по ридовите Голенберг близу Штелн и била создадена на 31 декември 2002 кога се споиле општините Шенхолц-Нојвердер и Штелн.
Авијација
мини|лево|„Лејди Агнес“ ИЛ62 - Аеродром Штелн/Ринов
Ото Лилиентал
Пионерот во воздухопловството Ото Лилиентал (1848–1896) имал несреќа со неговата едрилица во близина, поради што подоцна и починал.
Лејди Агнес
На 23 октомври 1989, авионот Иљјушин ИЛ62 принудно слетал на 900 метри кратката писта од трева Штелн/Ринов во ризичен маневар. Авионот дониран од националниот превозник на Источна Германија бил именуван „Лејди Агнес“ по жената на Лилиентал и сега се користи за венчавки.
Наводи
Категорија:Хафеланд