Фербелин () — општина во округот Источен Пригниц-Рупин, во Бранденбург, Германија. Се наоѓа на 60 километри северозападно од Берлин.
Историја
Во 1675 тука се водела Битката кај Фербелин, во која трупите на Бранденбург ги поразиле оние на Шведска. Во 1758 во текот на Седумгодишната војна, пруските и шведските сили повторно се борела во уште една битка кај Фербелин.
Едно од најважните места за падобранство во Германија се наоѓа на локалниот аеродром.
Општински единици
Фербелин Бецин Бруне Дехтов Дојчхоф Хакенберг Карвезе Кенигсхорст Ланген Ленцке Линум Манкер Процен Тармов Валхов Вал Вустрау-Алтфризак
Вустрау и Алтфризак биле споени во 1970. Со 1.200 жители, споената општинска единица е најголемата во општината. Алтфризак се наоѓа помеѓу Рупинското Езеро и Бицското Езеро и припаѓал на Алт Рупин до 1872.
Знаменитости
Победничка кула Хакенберг Замок во Вустрау Музеј за Бранденбург-Прусија
Луѓе
Ханс Јоахим фон Цитен (1699–1786), пруски генерал
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница Музеј за Бранденбург-Прусија
Категорија:Источен Пригниц-Рупин Категорија:Бранденбург (покраина)