мини|Замок во Бад Белциг Потсдам-Мителмарк () — округ во западниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Се граничи со (од север надесно) округот Хафеланд, слободните градови Бранденбург на Хафел и Потсдам, сојузната покраина Берлин, округот Телтов-Флеминг и окрузите Витенберг, Анхалт-Битерфелд и Јерихов во Саксонија-Анхалт.

Географија

Округот го вклучува јужниот тек на реката Хафел и северните делови на Флеминг (пошумен ридски масив). Постојат три природни паркови во округот: Природен парк Горен Флеминг, Природен парк Нуте-Ниплиц и Природен парк Западен Хафеланд.

Историја

Округот бил создаден во 1993 со спојување на претходните окрузи Белциг, Бранденбург-Ланд и Потсдам-Ланд.

Грб

100п|ГрбГрбот е поделен на четири полиња. Горниот лев дел прикажува црвен орел како симбол на Бранденбург. Трите дабови листови во горниот десен дел ги симболизираат дабовите шуми, но исто така и трите претходни окрузи, кои биле споени за да го создадат денешниов. Во долниот десен дел се два бискупски клучеви, кои ја претставуваат бискупијата Бранденбург. Црно-златните ленти во долниот лев дел се симбол на Саксонија и симболизираат дека областа околу Белциг, Брик, Визенбург и Нимегк припаѓала на Саксонија до 1815.

Градови и општини

мини|250п|Историската зграда на окружната администрација во Белциг

Слободни градовиОпштински заедници Белиц Бад Белциг Телтов Тројенбрицен Вердер (Хафел)

Слободни општини Грос Кројц Клајнмахнов Клостер Ленин Михендорф Нутетал Швиловзе Зединер Зе Штансдорф Визенбург1. Бецзе Бецзе1 Бецзехајде Хафелзе2 Певезин Росков 2. Брик Боркхајде Борквалде Брик1, 2 Голцов Линте Планебрух 3. Нимег Миленфлис Нимег1, 2 Планетал Рабенштајн4. Вустервиц Бенсдорф Розенау Вустервиц1

5. Цизар Букаутал Герцке Гребен Венцлов Волин Цизар1, 21седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница